Slide

Вести

Motiv e концепт на Гордон Мареј за автономно урбано искуство

Slide

Симпатичниот Motiv има специфична платформа и конструкција, наменет е за едно лице, но истовремено е подготвен да ги исполни и најстрогите безбедносни норми

10/02/2020

Партнерството на Gordon Murray Design со Delta Motorsport и itMoves резултираше со интересен проект кој го доби името Motiv, a всушност претставува четирицикл со дизајн на мини автомобил.

Симпатичниот Motiv има специфична платформа и конструкција, наменет е за едно лице, но истовремено е подготвен да ги исполни и најстрогите безбедносни норми.

Покрај тоа што користи електричен погон, Motiv е специфичен поради можноста за имплементација на автономното управување, а конзорциумот кој го подготвува и за сериско производство, најави можност за индивидуално користење на пократки релации или пак како возило за достава, при што со одредена адаптиција може да стигне до карго капацитет од 1.100 литри.

Модерниот квад е долг 2,53 и широк, 1,3 метри, овозможува импресивно движење и во најголемите урбани метежи, а во иднина се очекува ваквиот вид возила да бидат посебно интересни за користење преку сервисите за шеринг мобилност.

Што се однесува до погонот, Motiv ќе располага со електро-мотор од 20 kW, како и батерија со капацитет од 17,3 kWh што би било доволно за автономија од 100 километри.

Легендарниот дизајнер и конструктор на Ф1 болиди, Гордон Мареј подготви и „гулвинг“ врати за својата нова иновација.

– Motiv поседува потенцијал да ја трансформира мобилноста. Најдобар начин за едно возило да биде максимално исплатливо е да биде што полесно, додека истовремено задржува импресивно ниво на безбедност, – вели Мареј.

Авторите потенцираат дека хомологацијата како квадрицикл е возможна поради тежината која не надминува 450 килограми, а доколку конзорциумот брзо најде партнер за сериско производство, Motiv би можел да биде реалноста за најмногу две години.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

CATL, најголемиот светски производител на батерии ќе гради нова фабрика во Унгарија со капацитет од 100 GWh
Бензинските и плаг-ин хибрид изведбите на Citroën C5 X пристигнаа во салонот во Скопје
Падот на продажбата во Европа му овозможи на Hyundai да го зголеми пазарниот удел за цел процентен поен на 4.7%
Great Wall носи два нови бренда во Европа, преку Emil Frey, најголемиот европски дилер на возила