Skip to content

Вести

„Мотоцентар“ го одбележа големиот јубилеј и подготви уникатна Porsche изложба

Пневматиците како главна преокупација овозможија годинава „Мотоцентар“ да го прослави својот 25. роденден, а истиот беше одбележан викендов со неколку настани, меѓу кои и средба со специјализираните новинари и пријателите на компанијата

07/10/2019

Бројот на компании кои успеале да се задржат во македонската автомобилска бранша повеќе од две децении и кои можат да се пофалат со постојанo зголемување на квалитетот и квантитетот на своето портфолио не е голем, но „Мотоцентар“ дефинитивно си обезбеди место во ова еминентно друштво.

Пневматиците и грижата за нив како главна преокупација овозможија успешна бизнис приказна, и можност годинава „Мотоцентар“ да го прославува својот 25. роденден. Истиот официјално беше одбележан викендов со неколку настани, меѓу кои и средба со специјализираните новинари и пријателите на компанијата.

– Пред 25 години започнавме како компанија со основна дејност: продажба на пневматици. Но, како и моделот Porsche 911, еволуираме – се менувавме, приспособувавме, модернизиравме според околностите, пазарот, побарувачката. А нашиот квалитет останува секогаш ист и препознатлив.” – истакна Моника Бошкоска, маркетинг менаџер на „Мотоцентар“.

Визијата на менаџментот овозможи освојување на македонскиот пазар, соработка со најеминентните брендови како Continental, Michelin, Pirelli, Nokian Tyres, General Tire, Bridgestone, Davanti и други, но и ширење на продажно-сервисни локации низ цела Македонија, во кои клиентите можат да ги користат вулканизерско-сервисните услуги чиј квалитет го гарантираат италијанскиот  бренд Giuliano и искусните професионалци кои стојат на располагање.

Истовремено, во „Мотоцентар“ се горди и на партнерството со најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски-Иџе, како и поддршката на „Специјална Олимпијада“ чии спортисти добиваат константна поддршка од различен карактер од компанијата.

По повод јубилејот, „Мотоцентар“ организираше и донаторска вечер, но подготви и уникатна изложба на повеќе генерации и изведби на култниот Porsche 911, колекција автомобили кои ретко можат да се видат на исто место, а го привлекоа вниманието на сите присутни во кругот на хотелот „Александар Палас“.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend