Slider

Новитети

Мултифункционалност на електричен погон: Citroën го најави ë-Berlingo со 280 км автономија

Slider

23/02/2021

Докажаните универзални квалитети на патничката верзија на Citroën Berlingo во иднина ќе бидат достапни и на електричен погон, во изведбата која официјално ќе биде позната како ë-Berlingo.

Францускиот бренд продолжува со електрификацијата која почна да опфаќа најголем дел од сегментите, а ë-Berlingo ќе им овозможи на патниците да добијат уште поголем комфор благодарение на електричниот погон, без да ги ограничува нивните постулати за активен животен стил.

Модуларноста и просторноста на ë-Berlingo се наследени од класичната изведба, а за погонувањето ќе се грижи електро-моторот кој испорачува 136 коњски сили и 260 Nm, а ја црпи енергијата од батеријата со капацитет од 50 kW.

Автономијата со едно полнење на батеријата стигнува до 280 километри, а максималната брзина на ë-Berlingo е ограничена на разумни 135 км/ч.

Мултифункционалноста на ë-Berlingo подразбира и задржување на неговите практични карактеристики поврзани со просторот и конфигурацијата на седиштата.

Електричната изведба ќе биде достапна во две должини и багажен простор кој достигнува 1.050 литри во конфигурација со пет седишта, кај подолгата XL изведба.

Возачот и патниците на располагање ги имаат сите најнови решенија во однос на опциите на инфо-забавниот систем и поврзувањето, а контролата е преку 8 или 10-инчен централен екран.

Citroën ги вметна и најважните безбедносни системи кај ë-Berlingo, вклучувајќи ги автономното сопирање, контрола при спуштање во надолнина, автоматско паркирање и друго.

Повеќе содржини за Citroën:

Slider

 

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider