Slider

Вести

Mustang Mach-E пристигна во Европа, Ford ќе ја приближува електрификацијата до купувачите

Slider

Ford повторно го користи препознатливото име „Go Electric“ за оваа турнеја, а во неа покрај запознавањето со Mach-E, посетителите ќе имаат можност реално и виртуелно да се запознаат со многу факти и информации поврзани со електричните автомобили, со што се очекува зголемување на довербата во автомобилите кои допрва треба да го достигнат својот зенит

13/02/2020

Ford го претстави својот прв електричен SUV, моделот Mustang Mach-E во Лондон, со што го означи стартот на специјално роудшоу чија главна цел е демистификација на електрификацијата.

Европските купувачи одблизу ќе можат да се уверат во привлечноста на Mustang Mach-E, a само на британска територија се планирани 50 дестинации во наредните 200 дена, а проекциите се дека електричниот Ford ќе го видат околу 4 милиони луѓе.

Ford повторно го користи препознатливото име „Go Electric“ за оваа турнеја, а во неа покрај запознавањето со Mach-E, посетителите ќе имаат можност реално и виртуелно да се запознаат со многу факти и информации поврзани со електричните автомобили, со што се очекува зголемување на довербата во автомобилите кои допрва треба да го достигнат својот зенит.

Производителот веќе најави дека до крајот на оваа година во својата понуда ќе има 14 електрифицирани изведби, започнувајќи со mild-hybrid изведбите, па се до електричниот Mustang Mach-E, a до крајот на следната година таа бројка ќе стигне до 18 различни изведби.

Ford не заборава ниту на поддршката за оние кои ќе изберат плаг-ин хибрид или електрично возило, помагајќи им на купувачите со солуции за домашно полнење, но обезбедувајќи им и полесен и поедноставен пристап и користење на мрежата на јавни полначи, што подразбира бесплатно користење на FordPass апликацијата.

Одговорните очекуваат дека ова специфично роудшоу ќе разјасни голем дел од дилемите на потенцијалните купувачи, бидејќи во последното истражување на Ford, дури 40 проценти од испитаниците потврдиле дека знаат малку или ништо за електрифицираните погони.

Покрај во Лондон каде доби најголем публицитет, Go Electric роудшоуто ќе биде реализирано во уште седум европски земји. Автономијата на Mustang Mach-E со едно полнење достигнува до 600 километри, а со полнач од 150 kW од европската Ionity мрежа, батеријата за 10 минути ќе стигне до капацитет кој овозможува дополнителни 93 километри.

Full screenExit full screen

Slider
Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider