Slider

Новитети

Надградба на спортската елеганција: Jaguar го освежи луксузниот XF

Slider

Искористен е препознатливиот рецепт за додавање на уште поквалитетни материјали, микс на трендовите и елеганцијата, а возачот го добива и најнапредниот Pivi Pro инфо-забавен систем, вклучувајќи го и новиот 11,4-инчен екран

06/10/2020

Седаните на Jaguar можеби во моментов се во сенка на SUV понудата на брендот, но препознатливиот спортски карактер комбиниран со британска елеганција и натаму е магнет за фановите чиј приоритет не се моменталните трендови.

Jaguar XF го задржува својот уникатен карактер, но отсега ќе биде уште поопасен ривал пред се за понудата на германските производители, откако со најновото освежување добива помодерен изглед, нова технологија и мотори и инспиритавно „реновирање“ на ентериерот.

Дизајнерскиот тим на Jaguar очекувано го приближи XF до изгледот на фејслифтот на F-Pace, па лимузината добива нови LED светла, редизајниран браник и поширока маска, како и суптилни промени на задниот дел.

Големо внимание е посветено на ентериерот, елементот за кој купувачите во премиум сегментот се посебно осетливи, па затоа и XF во иднина ќе биде уште поподготвен да воодушевува со начинот на кој е уреден кокпитот, односно кабината.

Искористен е препознатливиот рецепт за додавање на уште поквалитетни материјали, микс на трендовите и елеганцијата, а возачот го добива и најнапредниот Pivi Pro инфо-забавен систем, вклучувајќи го и новиот 11,4-инчен екран.

За подобар амбиент во кабината се грижи јонизаторот за воздух и системот за неутрализација на бучавата, а возачот и патниците на Jaguar XF на располагање имаат и многу опции во однос на поврзувањето на своите уреди и користење на онлајн сервисите.

Седанот изгледа атрактивно однадвор и однатре, а ќе импресионира и со поедноставениот избор на погонските единици со кои ќе биде понуден.

Тоа подразбира една дизел изведба со 204 коњски сили и 48V технологија која го претвора XF во благ хибрид, додека изборот на бензински мотор може да значи моќност од 250 и 300 коњски сили, при што помоќната варијација оди во комбинација само со погон на четири тркала.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider