Slide

Новитети

Надградената изведба на Aston Martin DBX извлекува дури 707 hp од твин-турбо V-8 моторот, развиен од Mercedes

Slide

DBX707 е именуван според силата која ја добива од 4,0-литарскиот твин-турбо V-8 мотор. Овој мотор, развиен од страна на Mercedes-Benz има сила од 707 hp.

03/02/2022

Aston Martin, производител кој подолго време планира унапредување на бестселерот помеѓу своите модели, воведува верзија на DBX со високи перформанси, која забрзува од 0-100 km/h за само 3.2 секунди.

Сепак, ова ниво на перформанси има висока цена, и тоа буквално. Штом пристигне во вториот квартал од годинава, DBX707 во Велика Британија ќе чини помеѓу 189,000 и 200,000 Британски фунти. Во САД ќе чини 232,000 Американски долари, што е за 52,000 долари повеќе од тековниот модел.

DBX707 е именуван според силата која ја добива од 4,0-литарскиот твин-турбо V-8 мотор. Овој мотор, развиен од страна на Mercedes-Benz има сила од 707 hp. 

Моторот e всушност адаптирана верзија на оној кој се вградува во тековниот DBX, кој има сила од 542 hp и забрзува од 0-100 km/h за 4,4 секунди. Но, новата верзија на моторот е поврзана со 9-степена трансмисија, а тука е и новата менувачка кутија за која инженерите на Aston Martin тврдат дека овозможува побрзи промени на степенот на пренос споредено со конвенционалната хидраулична автоматска трансмисија, која се користи во тековниот DBX.

“Ние навистина го искористивме комплетниот потенцијал на DBX за да креираме SUV со високи перформанси”, изјави Ралф Иленбергер, директор на погонските единици во Aston Martin. “Огромниот напредок кој го постигнавме во однос на силата и вртежниот момент го демонстрира не само капацитетот на 4,0-литарскиот би-турбо V-8 мотор, туку и нашата амбиција за изнаоѓање бескомпромисни инженерски решенија”, додава тој.

Новина во однос на погонот е и новата верзија на електронската контрола на пролизгувањето на задниот диференцијал. Инженерите, исто така, ја подобрија воздушната суспензија и електронскиот систем кој го контролира управувањето.

Во однос на изгледот, DBX707 добива нова, поголема решетка и нови отвори за воздухот, а редизајнирани се и дневните светла. Промените овозможуваат поголем проток на воздух кон моторот со што е овозможено поефикасно радење на твин-турбо моторот.

И ентериерот има редизајнирани елементи, меѓу кои е и централната конзола, која сега е поместена подолу, а додадени се нови прекинувачи за промена на режимите на возење. Претходно, возачот ги избираше режимите на возење преку мени на екранот. Преку овие физички прекинувачи може да се конфигурира суспензијата, трансмисијата, контролата на пролизгувањето како и звукот на издувот.

Во првата година од производството на моделот, Aston Martin испорача околу 3,000 примероци до DBX. Минатата година британскиот производител продаде 6,182 примероци.

Сепак, и покрај успехот на DBX, Aston Martin сѐ уште има финансиски проблеми, а извршниот директор Тобијас Моерс е под голем притисок. 

Имено, изминатиот месец Bloomberg извести дека канадскиот милијардер Лоренс Строл, кој пред две години го спаси Aston Martin и го ангажираше тековниот извршен директор, разговарал со поранешниот извршен директор на Ford Europe, во врска со негово ангажирање како следен извршен директор на Aston Martin.

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди