Slide 1

Стории

Интерактивна мапа со добавувачите на компоненти за новиот Jeep Compass

Slide 1

Меѓу добавувачите е и германскиот гигант ZF, на пример, кој заедно со Bosch ги зазема првите две места на листата на 50 најголеми добавувачи во Европа според обртот во 2021 година.

13/08/2021

Jeep го одбележа својот 80-ти роденден со фејслифт на моделот Compass со што тој доби поелегантен дизајн во внатрешноста и зрел изглед на екстериерот.

Jeep е еден од 14-те брендови кои се дел од новоформираната Стелантис групација, а моделот Compass се произведува во фабриката во Мелфи, во Јужна Италија.

Но, како што е познато, автомобилските производители не ги произведуваат сите компоненти кои се вградуваат во нивните модели. Напротив, тие соработуваат со голем број на добавувачи од целиот свет кои се специјализирани за одредени компоненти. Таков е и случајот со фејслифтот на моделот Jeep Compass, во чие производство учествуваат дури 32 компании-добавувачи од целиот свет. 

Ние направивме истражување и ги откривме добавувачите на одредени компоненти кои Jeep ги вградува во новиот Compass. Ги претставивме на интерактивна мапа на која можете да забележите дека најголем дел од нив доаѓаат од Германија. 

Во табелата се внесени точните локации на централите на овие добавувачи, но, треба да се има предвид дека најголем дел од добавувачите се глобални компании со фабрики на безмалку сите континенти.

Меѓу добавувачите е и германскиот гигант ZF, на пример, кој заедно со Bosch ги зазема првите две места на листата на 50 најголеми добавувачи во Европа според обртот во 2021 година.

Еден од добавувачите, германската компанија Kostal има фабрика и во нашата земја, а во новиот Jeep е задолжена за рачките за поместување на седишатата.

Ова покажува дека популарниот SUV модел на американскиот легендарен бренд е практично глобален производ, а од пред три месеци пристигна и во Македонија.

Повеќе содржини за Jeep:

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental