Slider

Новитети

Најмоќниот член сочуван за крај: Volkswagen обезбеди 320 кс за новиот Golf R

Slider

Новиот Golf R е најмоќниот Golf во историјата со 320 коњски сили (PS), a притоа за него се предвидени и многу специјални детали и елементи кои ќе го направат уникатен и посакуван во понудата на „жешки компакти“

04/11/2020

Volkswagen го комплетираше семејството на новата генерација на Golf, со неговата најмоќна изведба која повторно ќе ја носи наставката R.

Новиот Golf R е најмоќниот Golf во историјата со 320 коњски сили (PS), a притоа за него се предвидени и многу специјални детали и елементи кои ќе го направат уникатен и посакуван во понудата на „жешки компакти“.

Знаменосецот во Golf семејството добива 2.0-литарски мотор со максимален вртежен момент од 420 Nm, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч ќе трае 4,7 секунди. Доколку купувачот се одлучи за R Performance пакетот, тогаш ќе добие и максимална брзина од 270 км/ч, a во секоја комбинација е вклучена 7-степена DSG трансмисија.

Еден од важните специјалитети на новиот VW Golf R e 4Motion погонот на сите тркала, кој покрај дистрибуцијата на вртежите на двете оски, овозможува посебна распределба и на двете тркала на задната оска.

Покрај вообичаените режими на возење, во R Performance пакетот се вклучени и Special и Drift профилите, наменети за оние кои сакаат да ги испробаат специјалните квалитети на Golf R.

За сликата во однос на способноста на Golf R да воодушевува во однос на управливоста и освојувањето на свијоците, свое влијание ќе имаат и електронското заклучување на диференцијалот и автоматското адаптирање на шасијата.

Новиот Golf R ќе биде достапен во три бои (сина, бела и црна), а на екстериерот лесно може да се забележат специјално дизајнираните браници, сплитер на предниот и спојлер на задниот дел, додека за овој компакт се предвидени 18-инчни тркала.

Дигитализацијата на ентериерот ни е позната од другите изведби на Golf, a овде дополнително се добиваат спортски седишта и волан, како и R ознаки.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider