Skip to content

Вести

Наследникот на C4 Cactus пристигнува во 2020 година, Citroën потврди и електрична изведба

Новиот C4 Cactus ќе користи продолжена верзија на CMP платформата која може да поддржи и електрифицирани изведби, а тоа веќе го докажува со електричните варијации на Peugeot 208 и 2008 и Opel Corsa

02/12/2019

Citroën најави наследник на моделот C4 Cactus за следната 2020 година, а производителот планира да ја прошири понудата со електрична изведба, потврдила Линда Џексон, CEO на францускиот бренд.

Иако во меѓувреме на дел од европските пазари ќе пристигне плаг-ин хибридната изведба на C5 Aircross, C4 Cactus ќе биде многу позначаен член на портфолиото, како модел со електрична изведба, со која Citroën ќе има поголеми амбиции меѓу купувачите кои решаваат да се збогуваат со моторите со внатрешно согорување.

Џексон појаснува дека од 2020 година, секој нов модел на оваа марка ќе добие плаг-ин хибрид или електрична изведба, заедно со понудата на класични бензински мотори, додека дизел моторите ќе бидат во понудат на Citroën, но се додека има интерес за нив на пазарите низ Европа.

Новиот C4 Cactus ќе користи продолжена верзија на CMP платформата која може да поддржи и електрифицирани изведби, а тоа веќе го докажува со електричните варијации на Peugeot 208 и 2008 и Opel Corsa.

Продажбата на францускиот бренд во Европа е зголемена последните две години откако на пазарот се појавија SUV моделите C3 Aircross и C5 Aircross, но интересот за C4 Cactus опаѓа низ годините, па затоа и Citroen подготвува негов наследник во 2020 година.

Она што засега не е потврдено е дали моделот ќе го задржи терминот Cactus во своето име, или наследникот едноставно ќе биде нов C4, кој овој пат ќе им понуди на купувачите и изведба со електричен погон.

Добри вести за фановите на Citroën е и најавата на Џексон дека во 2020 година може да се очекува и наследник на седанот C5.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend