Slide

Стории

Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 

Slide

Минатата седмица Оливер Зипсе, извршниот директор на BMW, најави пред инвеститорите дека компанијата која ја води е далеку пред роковите за електричната транзиција.

21/03/2023

BMW годинава ќе лансира електрични изведби на моделите 5 Series и X2, по што за година и пол, ќе следат и неколку кросовери поставени на Neue Klasse платформата.

По удвојувањето на продажбата на електричните автомобили во 2022, BMW Group планира голема офанзива во следните 5 години, која вклучува и лансирање на шест нови модели поставени на долго најавуваната Neue Klasse платформа.

Премиум производителот од Минхен очекува годинава да продаде 400,000 електирчни автомобили, што би претставувало околу 15% од вкупната продажба. За споредба, минатата 2022 година BMW успеа да продаде 215,000 електрични автомобили.

Очекувањата се дека до 2025 околу четвртина од продажбите на групацијата ќе отпаѓаат на електрични автомобили, процент кој треба да се покачи на 33 до 2026, и 50 до 2030.

Минатата седмица Оливер Зипсе, извршниот директор на BMW, најави пред инвеститорите дека компанијата која ја води е далеку пред роковите за електричната транзиција. Тој објави дека Co2 емисиите на ниво на групација во 2022 изнесувале 105 грама по километар, што е 22 gr/km пониско од таргетираната горна граница.

Веројатно најважното лансирање за производителот е она на комплетно електричната изведба на новата генерацијa на BMW 5 Series, коe е закажанo за октомври годинава, по што, догодина ќе следи и лансирање на караван изведбата.

Втор клучен модел е iX2, електрична изведба на компактниот кросовер X2, која ќе очекува годинава.

Но, и останатите брендови во рамки на BMW Group ќе добијат електрични модели. Rolls Royce Spectre, првиот електричен модел на луксузниот бренд, ќе започне да се испорачува кон крајот на летово, а неофицијално, неговата цена би изнесувала околу 400,000 евра.

Брендот Mini, кој исто така е дел од BMW Group, во следните 12 месеци ќе лансира три електрични модели, помеѓу кои е и Mini кабриолет (во првата половина од годинава), нов хеџбек (до крајот на годинава) и електрична варијанта на Countryman, (кон крајот на првата половина од 2024).

Се очекува и продукциска верзија на Aceman, концептот за мал електричен кросовер, но не се најавени повеќе детали.

BMW сѐ уште не објавува конкретен моделски план за новата платформа Neue Klasse, освен фактот што 6 модели ќе бидат лансирани на оваа платформа, штом таа биде подготвена во 2025 година.

Neue Klasse, според најавите на менаџментот на компанијата, се очекува да биде супериорна платформа. Со неа, освен head-up дисплејот, ќе дебитира и шестата генерација на батерии на BMW. Тие се очекува да бидат 50% поевтини, а ќе користат цилиндричен дизајн на ќелиите. Се очекува батериите да имаат 20% поголема густина, што ќе овозможи 30% поголема автономија со едно полнење, а најавено е скусување на времето за полнење на батеријата за една третина, споредено со тековната технологија.

Севкупно, трошокот за производство на модели на Neue Klasse платформата се очекува да биде за 50% понизок споредено со актуелните електрични модели кои ги продава BMW. 

Николас Петер, главниот финансиски директор на BMW, изјави дека Neue Klasse конечно ќе ѝ овозможи на неговата компанија профитабилност кај електричните модели слична на онаа која ја имаат кај моделите со внатрешно согорување.

Производството на модели на оваа платформа најпрво ќе започне во Дебрецен, Унгарија во нова фабрика, по што ќе продолжи и во фабриката во Минхен, потоа Кина, па и Мексико.

Нема да биде изоставена и најголемата фабрика на BMW, онаа во Јужна Каролина, која ќе биде приспособена за производство на модели на Neue Klasse до 2030 година.

Помеѓу првите модели поставени на оваа платформа се очекува да биде електирчната изведба на 3 Series, еден караван и еден SUV модел.

Запрашан за иднината на 3 Series, чија тековна генерација беше лансирана во 2018 година, Франк Вебер, главниот технички директор на BMW, изјави дека моделите со мотори со внатрешно согорување ќе се произведуваат паралелно со оние со електрични мотори барем во следните 10-тина години.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа