Slide

Вести

Nissan ги продаде своите акции од Daimler

Slide

05/05/2021

Јапонскиот производител Nissan потврди дека ги продал своите акции од германската групација Daimler, а финансиските средства ќе бидат инвестирани во фазата на електрификација.

Околу 16,4 милиони акции подразбираа 1,54 проценти од сопственичката структура на Daimler, а од продадените акции Nissan ќе заработи околу 1,15 милијарди евра.

Јапонците планираат да ги инвестираат парите во развојот на сопствените продукти, во периодот кога компанијата имаше негативни финансиски резултати и има потреба од финансиско освежување.

Nissan потенцира дека техничко-технолошката соработка со Daimler ќе продолжи и натаму и продажбата на акциите нема да влијае на заедничките проекти.

Претходно, истиот чекор го направи и Renault Group, француската групација која исто така имаше околу 1,54 проценти од сопственоста на Daimler, чиј носечки бренд е Mercedes-Benz.

Повеќе содржини за Nissan:

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели