Вести
Nissan го најави новиот Qashqai со фотографии од ентериерот
Напредниот инфо-забавен систем со 9-инчен екран е надополнет со 12,3-инчна дигитална инструмент табла, хед-ап екран, како и опција за безжично полнење на телефон која првпат е достапна кај Qashqai
Моделот Qashqai е најважен модел на Nissan за европскиот пазар, па јапонскиот производител тврди дека посебно внимателно ја подготвил новата генерација, која ќе биде претставена за одреден период.
Загревањето за премиерата започна одамна, но сега е конкретизирана со први фотографии од ентериерот на новиот Qashqai, елемент за кој производителот тврди дека доживеал сериозна еволуција и ќе гарантира амбиент со кој ќе се издвојува од мејнстрим конкуренцијата.
Дел од карактеристиките логично се однесуваат на најдобро опремените варијации, а Nissan вели дека покрај комфорот на седиштата, тие ќе бидат наградени со Nappa кожа, како и со функции за масажа за возачот и совозачот.
Централната конзола е ослободена од физички команди, па таму ќе доминира рачката на менувачот или малиот контролер за автоматската трансмисија, која нема да биде со двојна спојка, туку ќе користи CVT технологија.
Напредниот инфо-забавен систем со 9-инчен екран е надополнет со 12,3-инчна дигитална инструмент табла, хед-ап екран, како и опција за безжично полнење на телефон која првпат е достапна кај Qashqai.
Nissan најавува и поголем простор за патниците во кабината, како и поголем багажник, чиј капацитет сега изнесува 504 литри, а во вратите ќе може да се сместат шишиња од 1,5 литар, наместо 0,5 литар како досега.
Она што е познато за новата генерација на Qashqai е и дека ќе добие нова платформа, која ќе овозможува и електрифицирани изведби, а поголемите димензии ќе влијаат на поголемиот простор.
Nissan нема да го нуди овој SUV со дизел мотори.
Повеќе содржини за SUV модели: