Slide

Вести

Nissan го одложи затворањето на фабриката во Барселона

Slide

07/08/2020

Долгите преговори меѓу претставниците на синдикатите и претставниците на Nissan резултирале со компромисна одлука за одложување на најавеното затворање на фабриката во Барселона.

Јапонскиот производител го најави своето реструктуирање, кратење на трошоци и фокусирање кон други региони, но одлуката за затворање на оваа европска фабрика предизвика штрајкови и силни негодувања од страна на синдикалните здруженија.

Вчера, по 30 часа преговори, било договорено фабриката да биде затворена до крајот на следната 2021 година, а дотогаш да нема ниту отпуштање на работници.

Тоа не ја менува конечната одлука за повлекување на Nissan од шпанска територија, но веројатно ќе се добие во време за барање на заинтересиран производител кој би ја преземал не само фабриката, туку и вработените кои зад себе имаат големо искуство и професионална надградба.

Фабриката треба да се рективира со поголем капацитет до крајот на месецот, а во неа работат околу 3.000 вработени.

Nissan во моментов таму го произведува пик-апот Navara и комерцијалното возило e-NV200.

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година