Slide

Новитети

Nissan лансира сестрински модел на Kangoo, со бензински и електрични изведби, но без дизел мотори

Slide

Комплетно електричната изведба ќе има 44kWh батерија, а електричниот мотор ќе произведува сила еквивалентна на 122 hp. Nissan проценува автономија од 285 километри со едно полнење, но ова ќе биде потврдено при хомологацијата.

29/09/2021

Новиот модел ќе се произведува во Франција. Nissan преку лансирањето на Townstar и ребрендирање на останатите два LCV модели ќе се обиде да го зголеми пазарниот удел.

Nissan го лансира Townstar, мал ван базиран на моделот Kangoo кој го произведува Renault, партнерот во алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi. Лансирањето на моделот е дел од ребрендирањето на LCV гамата на Nissan.

Townstar ќе биде достапен со бензински мотори и комплетно електрична изведба, но нема да има опција за дизел – моторите кои веќе неколку децении доминираат кај лесните комерцијални возила. Напуштањето на дизел моторите Nissan го најави кај SUV моделот Qashqai, а сега истиот тренд се пресликува и кај лесните комерцијални возила.

Townstar ќе се произведува во фабриката на Renault во Маубеге, северна Франција, покрај сестринскиот Citan модел кој го носи знакот на Mercedes-Benz. Исто како во случајот со Kangoo и Citan, моделот на Nissan ќе биде достапен во каросериски изведби за патници и карго. Сè уште не се објавени термините на лансирање како и цените на моделот.

Според соопштението на Nissan, останатите две комерцијални возила на Nissan, NV30 и големиот NV400 ќе бидат преименувани во Primastar и Interstar. 

Primastar е пандан на Renault Trafic, а Interstar – на Renault Master.

“Преку ребрендирањето и лансирањето на новиот Townstar, Nissan се обидува да го зголеми пазарниот удел кога се во прашање лесните комерцијални возила (LCV)” – изјави Емануел Серазин, директор на одделот на Nissan за продажба на корпоративни и комерцијални возила во Европа.

“Ние му даваме приоритет на портфолиото на ванови, при што ќе имаме голема поддршка од експертизата на алијансата при остварувањето на самоодржлив раст” – додаде Серазин.

Бензинската изведба на Townstar ќе има 1.3-литарски мотор со четири цилиндри (развиен во соработка со Daimler), со сила од 130 hp. Комплетно електричната изведба ќе има 44kWh батерија, а електричниот мотор ќе произведува сила еквивалентна на 122 hp. Nissan проценува автономија од 285 километри со едно полнење, но ова ќе биде потврдено при хомологацијата. 

Во својот нов модел Nissan вградува безбедносни и возни асистенти, вклучувајќи ја широкоаголната камера со опсег од 360 степени, додека електричните изведби ќе добијат ProPilot систем, кој се состои од адаптивен темпомат и технологија за задржување во сообраќајна линија при возење на автопат. Моделите опремени со ProPilot системот ќе може да бидат автономно управувани при умерени свиоци на автопат и комплетно да го сопрат возилото без инпут од возачот.

Ентериерот вклучува 8-инчен централно поставен екран, како и конзола која овозможува повеќе простор за предмети под менувачот.

Електричната изведба на Townstar ќе го наследи е-NV200, кој, заедно со Renault Kangoo ZE, e еден од првите и најпопуларни електрични доставни ванови во Европа. Според Nissan, по комерцијализацијата во 2014 година, E-NV200 стигна до 42.000 купувачи.

Townstar, исто како и Kangoo и Citan, е поставен на платформата CMF-C/D, наменета за компактни и возила со средна големина. Тој ќе се издвојува преку дизајнот на предниот дел, за кој Nissan потенцира дека е инспириран од моделот Ariya, електричниот компактен SUV на брендот, чие лансирање беше одложено заради кризата со полупроводниците.

Освен со Kangoo и Citan, Townstar ќе се натпреварува со гамата на мали ванови на групацијата Stellantis (Citroën Berlingo, Peugeot Partner и Fiat Doblo), новиот Volkswagen Caddy, Toyota ProAce, како и Ford Transit Connect.

Во последните неколку години моделите Kangoo ZE и Nissan е-NV200 беа најдобро продавани електрични ванови, но сега веќе и Peugeot, Citroën и Toyota имаат електрични изведби, а тука е и VW Group која планира лансирање на мал електричен ван во соработка со Ford – базиран на концептот ID Buzz.

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година