Вести
Nissan најави дека пик-апот Navara ќе остане достапен во Европа
Сепак, претставници на производителот уверуваат дека затворањето на фабриката со околу 3.000 вработени не значи и повлекување на Navara и NV200 од Европа
Официјалната одлука на Nissan да ги намали своите активности во Европа и пред се затворањето на фабриката во Барселона, го отворија прашањето за судбината на дел од моделите на јапонскиот производител.
Однапред беше јасно дека Nissan продолжува со производството на Juke и Qashqai во Сандерленд, но знак прашалник се појави во однос на пик-апот Navara, како и електричната изведба на комерцијалното возило NV200 чие производство се одвиваше на шпанска територија.
Сепак, претставници на производителот уверуваат дека затворањето на фабриката со околу 3.000 вработени не значи и повлекување на овие модели од Европа.
– Navara и NV200 се важни модели на европските пазари и остануваат во нашата понуда. Има повеќе начини како ќе го реализираме тоа. Едниот е да ги увезуваме од друг континент, но можеби ќе се произведуваат и во некоја од фабриките на нашиот партнер Renault.
– Впрочем ова е една од позитивните страни на алијансата и истата ќе ја користиме во иднина, – велат од Nissan.
Повеќе содржини за Nissan