Вести
Nissan одбележа една деценија продажба на уникатниот Juke
Јапонскиот производител го понуди Juke на повеќе континенти, а десет години подоцна може да се пофали со над 1,5 милион продадени примероци на автомобилот кој неодамна беше претставен со втората генерација
Концептот Qazana дебитираше на Саемот во Женева и предизвика големо внимание во јавноста, подготвувајќи ја автомобилската индустрија за еден иновативен пристап, за кој многумина не веруваа дека доаѓа во вистински тајминг.
Дизајнот предизвика дебата, нo Nissan не отстапи од замисленото и веќе следната година, на истата локација беше одржана премиерата на Juke, кросоверот кој на уникатен начин ги комбинираше робустноста и спортската енергија, претворајќи се во предводник на една нова класа која денеска е многубројна.

Концептот Qazana беше претставен во 2009 година
Јапонскиот производител го понуди Juke на повеќе континенти почнувајќи од октомври 2010 година, а деценија подоцна може да се пофали со над 1,5 милион продадени примероци на автомобилот кој неодамна беше претставен со втората генерација.
– Знаевме дека сакаме да направиме нешто целосно поразлично, а не помал Qashqai. За да ја тестираме јавноста, го претставивме концептот Qazana, a реакциите ги потврдија нашите очекувања.
– Со специфичниот дизајн, создадовме нова автомобилска култура на непозната територија, а раѓањето и еволуцијата на оваа култура беше многу интересно, – вели Алфонсо Албаиса, кој во периодот на премиерата на Juke беше предводник на европскиот оддел за дизајн на Nissan, a денеска ја извршува функцијата на глобално ниво.