Slide

Вести

Nissan планира сериозно намалување на активностите во Европа

Slide

05/05/2020

Актуелното раководство на Nissan донело одлука за намалување на своите активности во Европа и фокусирање на компанијата на пазарите во САД, Јапонија и Кина, – објави агенцијата „Ројтерс“.

Според агенциските извори од јапонскиот производител, Nissan сака да се рехабилитира од агресивната политика на глобално присуство на поранешниот прв човек Карлос Гон и да ги намали трошоците, истовремено зголемувајќи ја својата профитабилност.

Nissan ќе му го препушти речиси целиот европскиот пазар на својот најважен партнер Renault, додека ќе ја користи плаг-ин хибрид технологијата на Mitsubishi за освојување на поголемите азиски пазари, а официјално новата стратегија треба да биде објавена на 28 мај, – пренесува „Ројтерс“.

Вториот најголем јапонски производител засега би го задржал своето присуство во Европа само преку успешните SUV модели, Juke и Qashqai, a ќе има посебна стратегија за сите преостанати региони и важни светски пазари, при што може да дојде до промени во понудата на модели и функционирањето на фабриките.

Повеќе содржини за Nissan

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година