Slide

Вести

Nissan потврди дека ќе ја затвори фабриката во Барселона

Slide

Околу 2.800 вработени на оваа локација остануваат без работа како последица на новата стратегија на Nissan, a со која Јапонците ќе ја намалат годишната продукција за 20 проценти

28/05/2020

Јапонскиот производител Nissan денеска ги потврди шпекулациите дека планира намалување на своите активности во Европа, а еден од првите чекори е затворањето на фабриката во Барселона.

Околу 3.000 вработени на оваа локација остануваат без работа како последица на новата стратегија на Nissan, a со која Јапонците ќе ја намалат годишната продукција за 20 проценти.

Истовремено, фабриката во Сандерленд останува најважна европска локација, па и во иднина таму ќе бидат произведувани Juke и Qashqai за европскиот пазар, при што иако засега нема потврда, очекувањата се дека на истата локација ќе биде префрлено и производството на Renault Captur и Kadjar.

Во период од три години Nissan планира намалување на бројот на модели од 69 на 55, а со овој потег се очекува концентрирање на најважните членови на својата гама и позитивен ефект во однос на профитабилноста која стана проблем за Јапонците изминативе години.

Уште вчера беше најавено дека во рамките на новата стратегија на алијансата, Nissan ќе се концентрира на јапонскиот, американскиот и кинескиот пазар, при што застапеноста во Европа, Јужна Америка и другите делови на Азија ќе биде ревидирана, па дури е најавено и повлекување од одредени пазари.

Покрај таа во Барселона, Nissan ќе ја затвори и својата фабрика во Индонезија.

Повеќе содржини за Nissan

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година