Вести
Nissan произведе половина милион примероци на електричниот Leaf
Она што беше пионерски обид за промоција на електричниот погон, денеска станува реалност и секојдневие, а Nissan го одбележа производството на 500.000-тиот примерок на Leaf
Јапонски Nissan направи храбар чекор инвестирајќи во проект каков што е елетричниот Leaf и успеа да ја доближи алтернативната технологија и погон до голем број купувачи на сите континенти.
Она што беше пионерски обид за промоција на електричниот погон, денеска станува реалност и секојдневие, а Nissan го одбележа производството на 500.000-тиот примерок на Leaf.
Јубилејниот примерок е произведен во фабриката во англиски Сандерленд, каде Leaf се произведува од 2013 година и досега од производство излегле околу 175.000 примероци.
Nissan Leaf беше прогласен за Европски и Светски автомобил за 2011 година, освои многу награди и на другите континенти, а во моментов е достапен во изведби со автономија од 285 и 385 километри со едно полнење на батеријата.