Skip to content

Вести

Nissan размислува да се повлече од алијансата со Renault

Планот на Nissan подразбира крај на соработката на двете страни во однос на инженеринг и производство, а би значел и промени во Бордот на јапонскиот производител

13/01/2020

Раководството на Nissan почнало да работи на план за можен крај на соработката со Renault, со кого е дел од иста алијанса веќе две децении, – објави „Фајненшел тајмс“.

Медиумот ја добил информацијата од свои извори во Nissan, а истите најавиле дека бегството на Карлос Гон од Јапонија само дополнително ја влошило ситуацијата и комуникацијата меѓу двете страни.

Планот на Nissan подразбира крај на соработката на двете страни во однос на инженеринг и производство, а би значел и промени во Бордот на јапонскиот производител. Она што ја комплицира ситуацијата е што Renault е мнозински сопственик на акции во Nissan (43,4%), a Французите инсистираат на подобрување на меѓусебните односи и соработка кои беа влошени изминатиот период.

Гон кој во меѓувреме беше уапсен од јапонските власти поради неколку обвинувања, го спаси Nissan од тешка финансиска ситуација во 1999 година и го вклучи во алијанса со Renault, а сите субјекти во иднина беа предводени токму од негова страна.

Сепак, во Nissan одамна тлее незадоволството поради начинот на кој Гон ги поставувал работите, па оттука и желбата кај многу влијателни членови на раководството за повлекување од алијансата, нешто што сега кулминираше и со обвинувањата од двете страни за заткулисни игри и погрешни потези.

Во случај на разделба, Renault и Nissan сигурно би барале нови партнери со кои би соработувале со ревидирани услови.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend