Вести
Nissan Z Proto: Јапонците го најавија спортистот кој ќе ја продолжи Z традицијата
Она што нема да им се допадне на европските фанови на Nissan е фактот што наследникот на 370Z засега не е предвиден за нашиот континент, а најмногу поради строгите еколошки регулативи
Прототипот Z Proto беше очекуван со нетрпение меѓу фановите на спортските автомобили, кои ја почитуваат Z традицијата на Nissan, а изгледот на оваа верзија и дел од техничките карактеристики најавуваат дека тие нема да бидат разочарани од она што го подготвуваат Јапонците.
Премиерата на Z Proto беше виртуелен настан организиран во Јокохама, а автомобилот кој во иднина ќе биде претставен и со верзијата за сериско производство, е најавен како микс на традиционалните вредности и актуелните трендови во индустријата.
Дизајнерските елементи и силуетата на Z Proto потсетува на легендарните Z модели на брендот, производителот откри дека автомобилот е долг 4.382 милиметри и висок 1.310 милиметри.
Oвој прототип доби твин-турбо V6 мотор од кој се очекуваат околу 400 коњски сили, а е комбиниран со шест-степена мануелна трансмисија.
Она што нема да им се допадне на европските фанови на Nissan е фактот што наследникот на 370Z засега не е предвиден за нашиот континент, а најмногу поради строгите еколошки регулативи.