Slide
Slide

Вести

Нојман: „Роботакси“ концептот наскоро ќе го промени светот

Slide
Slide

Cartica развива интелигентен софтвер за автономно управување, соработува во BMW, Toyota и Continental, a Нојман смета дека иднината на мобилноста е поврзана со овој вид технологија

10/12/2019

Карл-Томас Нојман долги години беше предводник на Opel и ја извршуваше најодговорната функција во германскиот бренд и за време на неговиот трансфер од General Motors во PSA Group.

Откако Нојман се раздели со производителот од Риселсхајм имаше повеќе шпекулации за неговиот следен ангажман, беше дел од компанијата Canoo, за сега да и се посвети на израелската компанија Cartica.

Израелците го ангажирале Нојман како член на Надзорниот одбор и специјален советник, а истовремено тој самиот инвестирал во Cartica, очекувајќи вистински пробив на технологиите кои ги застапува во автомобилската индустрија.

Cartica развива интелигентен софтвер за автономно управување, соработува во BMW, Toyota и Continental, a Нојман смета дека иднината на мобилноста е поврзана со овој вид технологија.

– На полето на детектирање на објектите за автономно сопирање и автономоно управување, денеска се користи класична технологија со надградување на знаењето и класифицирање на податоците од луѓе. Илјадници луѓе седат и ги бележат сообраќајните знаци, ограничувањата, пешачките премини и слично, но технологијата повторно има проблеми да утврди одредени аспекти каде може да има покомплицирана ситуација. Cartica го прави тоа поинаку и развива интелигентен систем кој слично на човечкиот мозок, учи да ги препознава објектите. Процесот веќе нема потреба од учење, а предностите се што на овој систем му се потребни само една десетина од компјутерската моќ и енергија кои вообичаено се користат.

– Cartica e поранешен старт-ап кој веќе има 250 патенти, а наскоро ќе започне да ја доставува технологијата до една голема компанија. Ова е бизнис каде има големи инвестиции и движење на пари, инвестирањето во електромобилноста стана премногу комплицирано, – вели Нојман.

Германецот е убеден дека наскоро може да има сериозни промени во она што претставува реална мобилност.

– Ние не велиме дека секој возач ќе управува со автомобил со петто ниво на автономно управување. Јас зборувам за „Роботакси“ кои ќе управуваат автономно на сопствени патеки. Оваа фаза ќе дојде побргу од она во што веруваат луѓето во моментов и убеден сум дека експресно ќе го промени светот. Градовите ќе се променат, сообраќајните реони ќе бидат редистрибуирани подалеку од автомобилите на индивидуалците.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1