Slider

Вести

Норвешка битка за престиж: Audi e-tron со октомвриска лекција за Tesla

Slider

Со ваков октомври, Audi e-tron покажува дека има рецепт за да ги освои норвешките купувачи, а успехот на овој скандинавски пазар има сериозен позитивен импакт врз имиџот на електрифицираните модели

03/11/2019

Автомобилскиот пазар во Норвешка не може да се натпреварува со бројките (121.096 автомобили во 2019 година) во однос на тие во земји како Германија, Велика Британија и Франција, но е посебно интересен од еден аспект.

Норвежаните претставуваат референца во однос на купувањето автомобили со електрифициран погон, па затоа и резултатите на месечно ниво покажуваат какви трендови се актуелни во овој сегмент. Октомври е посебно интересен бидејќи Audi e-tron успеа да го засени Model 3 на Tesla и како никогаш досега, најави брз пробив на врвот.

Бројките од октомври покажуваат дека 35,7 проценти од регистрациите на нови автомобили биле поврзани со електро-мобили, хибридите (PHEV+HEV) покриваат 37,2 проценти, додека останата четвртина ја делат бензинските и дизел изведбите.

Audi e-tron е октомвриски победник со 873 продадени примероци во Норвешка, додека Model 3 разочара со само 121 продаден примерок (пазарен удел од само 1,2%), а второто и третото место во месечниот биланс им припадна на VW Golf (748) и Mitsubishi Outlander (благодарение на PHEV изведбата) со 614 продадени примероци.

Статусот на Tesla Model X e уште полош, откако во октомври се продадени само 29 примероци, или вкупно годинава 1.781 примерок, што е речиси три пати помалку од пласманот на Audi e-tron.

Со ваков октомври, Audi e-tron покажува дека има рецепт за да ги освои норвешките купувачи, а успехот на овој скандинавски пазар има сериозен позитивен импакт врз имиџот на електрифицираните модели. Досега се продадени 4.577 примероци на e-tron, што е доволно за четврто место во првите десет месеци годинава, а на врвот останува Tesla Model 3 со 13.980 продадени автомобили.

Меѓу првиот Model 3 и четвртиот e-tron се VW Golf и Nissan Leaf, a од петтото до десеттото место се Toyota RAV4, BMW i3, Mitsubishi Outlander, Hyundai Kona, Hyundai Ioniq и Jaguar I-Pace.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider