Slide 1
Slide 1

Вести

Норвежаните размислуваат само за EV автомобили, Ford Mustang Mach-E дебитираше со мајски триумф

Slide 1
Slide 1

03/06/2021

Месец мај донесе дополнителен пробив на електричните модели на норвешкиот пазар, кој и натаму нуди најголема концентрација на електрифицирани автомобили во Европа.

Дури 60,4 проценти од ново регистрираните автомобили (14.063) биле со електричен погон, а ако се вклучат сите хибриди, пазарниот удел надминува неверојатни 90 проценти.

Класичните бензински и дизел изведби во мај имале вкупен пазарен удел од 8,9 проценти, а од почетокот на годината тој удел е паднат на 10,9 проценти и очигледно дополнително ќе се намалува до крајот на годината.

Во однос на моделската распределба на продадени примероци, успешно деби имаше Ford Mustang Mach-E, кој пристигна во оваа скандинавска земја кај купувачите кои први порачале примерок за себе, а тоа во бројка е 1.384 и доволно за убедлива прва позиција.

Volkswagen ID.4 имал уште еден успешен месец 774 продадени примероци, но остана зад Skoda Enyaq iV, уште еден електричен претставник на групацијата Volkswagen, кој стигнал до 795 купувачи. Tesla Model 3 е продадена во нешто над 500 примероци, но тоа не е доволно ниту за Топ 5 пласман.

Toyota RAV4 со второто место во мај ја одржува предноста во периодот јануари-мај, откако досега овој SUV модел стигнал до 4.212 купувачи, по што следува Volvo XC40 со 3.599 и Volkswagen ID.4 со продажба од 3.458 единици.

Топ 10 најпродавани модели во Норвешка
(Мај 2021)
1. Ford Mustang Mach-E 1.384
2. Toyota RAV4 853
3. Skoda Enyaq iV 795
4. Volkswagen ID.4 774
5. Volvo XC40 736
6. Tesla Model 3 504
7. Mercedes EQC 492
8. Audi e-tron 447
9. Toyota Corolla 319
10. Peugeot 2008 298

Повеќе содржини за електрични автомобили:

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“