Slider

Стории

Нов Citroën C3: Достапните цени овозможуваат купувачите да се фокусираат на опрема и персонализација

Slider

Фејслифтот кој од неодамна е достапен во продажната мрежа на францускиот бренд без сомневање ќе ја продолжи успешната приказна на бестселерот на Citroën, а причините се едноставни - купувачите во оваа класа повеќе сакаат да размислуваат за шик дизајн, опременост и персонализација, отколку за погонските единици

09/10/2020

Citroën добро ги предвиде трендовите и умешно го склопи мозаикот подготвувајќи ја новата генерација на C3, за четири години подоцна само да ја засили дозата со „коцките“ кои се покажаа како најважни за купувачите.

Фејслифтот кој од неодамна е достапен во продажната мрежа на францускиот бренд, без сомневање ќе ја продолжи успешната приказна на бестселерот на Citroën, а причините се едноставни – купувачите во оваа класа повеќе сакаат да размислуваат за шик дизајн, конективност, опременост и персонализација, отколку за погонските единици.

Впрочем, ова е автомобил каде изборот започнува со изборот на вистинска комбинација на бојата на каросеријата, неколкуте опции за уредување на амбиентот во ентериерот, сега достапните стикери за покривот и уште неколку детали, кои овозможуваат дури 97 различни комбинации достапни кај Citroën C3.

Искуството покажува дека оваа генерација на C3 привлече млади купувачи кои се подготвени да инвестираат во подобрена опременост и добивање на идеалната конфигурација, па најчесто се одлучуваат за почетниот бензински мотор со 83 коњски сили.

Ако ви треба препорака, погледнете го Feel Pack нивото на опременост, во кое покрај вообичаените системи за безбедност се вклучени помош при тргнување во нагорнина, препознавање на знаци за ограничување на брзината, предупредување за ненамерно влегување во друга лента, LED светла, резервно тркало со стандардни димензии, автоматски клима уред, 16-инчни тркала со 3D украсни раткапни, препознатливите „airbumps“ на вратите и 7-инчен екран.

Одлично опремениот C3 Feel Pack е достапен од 12.490 евра и очекуваме повторно да биде најпопуларен на нашиот пазар, а купувачите кои сакаат помоќен мотор (110 кс) стигнуваат до цена од 13.790 евра и тоа можеби е идеална комбинација за да се добие максимум од автомобилот. Почетната цена на освежениот C3 изнесува 11.690 евра, а за возврат се добива повеќе од пристојна опременост.

Статистиката вели дека во западноевропските земји најчесто се бира Shine нивото на опременост, во кое се добива одредена надградба, но повторно со привлечна цена, бидејќи се добиваат неколку дополнителни елементи, а цената е повисока за само 1.000 евра од таа на Feel Pack.

Економичноста, комфорот и практичноста во кабината и багажниот простор влегуваат во пакетот како утврден и гарантиран квалитет на C3, а тоа е уште една причина зошто купувачите на овој Citroën имаат време да се фокусираат на индивидуално конфигурирање на својот миленик.

Инвестицијата во нов Citroën C3 не мора да се одложува и поради достапното одложено плаќање за првата лизинг рата до шест месеци, при што се потребни само 20 проценти од цената за учество за да се добие автомобилот.

Македонскиот импортер „Автонова“ одлично се адаптираше на актуелната ситуација, па преку специјалната интернет страница CARSTORE се добиваат информации за примероците на лагер, кои се веднаш достапни за продажба.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider