Новитети
Нов европски трендсетер: Toyota го претстави кросоверот Yaris Cross
Откажаниот автомобилски саем во Женева ја помести премиерата на новиот кросовер на Toyota, но денеска автомобилот кој го доби името Yaris Cross и официјално е претставен со голем број детали.
Новиот Yaris Cross ја користи платформата TNGA-B, но и други заеднички елементи како супкомпактот Yaris, а двата модела ќе се произведуваат паралелно во фабриката во Валенсиен, Франција.
Кросоверот на јапонскиот производител е специјално подготвен за европските купувачи и ќе им биде ривал на голем број модели во класата, а очекувано ќе биде понуден во хибридна изведба, територија каде конкуренцијата е помала.
Toyota Yaris Cross ќе го добие хибридниот погон во кој е вклучен 1.5-литарски бензински мотор, а купувачите ќе можат да изберат и изведба со погон на четири тркала. Yaris Cross e долг 4,18 метри и висок 1,56 метри, добива 3 сантиметри поголема оддалеченост од подлогата во однос на Yaris, а ќе биде достапен и со 18-инчни тркала. Meѓуоскиното растојание на кросоверот е 2.560 милиметри, односно идентично со Yaris.
Со овој нов модел, Toyota го комплетира SUV портфолиото, во кое се вклучени и C-HR и RAV4, веќе добро позиционирани и препознатливи по својата добра продажба и успех пред се со хибридните изведби.