Slider

Вести

Нов избор меѓу комерцијалните возила: Toyota Proace City веќе достапен за македонските купувачи

Slider

Proace City Van има и одличен капацитет за товарење, со волумен од 3,3m3 до 4,3m3 со Smart Cargo опцијата. Корисен факт за секој бизнис е тоа што товарната верзија има простор за 2 евро палети, давајќи му единствена уникатна предност, покрај карактеристиката за најдобра носивост во класата до 1 тон

07/09/2020

Toyota ја збогати понудата на македонскиот пазар со одличен новитет за секое бизнис ориентирано лице, на кое што му е потребен верен и издржлив партнер во бизнисот.

Со новото освежување во рангот на комерцијалните возила, доставата никогаш не била полесна, а возењето никогаш побезбедно со новиот член на професионалните возила во гамата на Toyota – Proace City.

Македонскиот импортер „Toyota Авто Центар“ потенцира дека Proace City на македонскиот пазар ќе се нуди во комерцијална (Van) и патничка (Verso) изведба.

Создадено за сите видови на бизнис потреби, комерцијалната верзија на нашиот пазар доаѓа во понуда со две должини на товарниот простор – L1 (кратка, 1.817mm) и L2 (долга,2.167mm), па се до 3.400 mm должина за товарење за верзиите опремени со Smart Cargo опцијата.

Proace City Van има и одличен капацитет за товарење, со волумен од 3,3m3 до 4,3m3 со Smart Cargo опцијата. Корисен факт за секој бизнис е тоа што товарната верзија има простор за 2 евро палети, давајќи му единствена уникатна предност, покрај карактеристиката за најдобра носивост во класата до 1 тон.

И во комерцијалната и во патничката верзија, моторот нуди целосна покриеност на сегментот – доаѓа со 2 бензински и 3 дизелски мотори со моќност од 75 до 130 коњски сили, а освен што има најдобра потрошувачка во класата, има и најниска CO2 емисија. Статистички гледано ова возило има повисоки остаточни врености од конкурентите.

– Како најмало возило во рангот на комерцијални возила на Toyota покрај легендарниот Hilux и поголемиот Proace, главниот фокус кај ова возило се секако безбедноста на возачот, поврзаноста и лесниот начин на користење. Toyota нуди најдолга и најсеопфатна гаранција во сегментот и истата трае 6 години или 200.000 километри. За комплетирање на понудата нудиме и финансиски лизинг, специјално креиран за нашите комерцијални возила, со 4,5% каматна стапка и учество од само 10%, – вели Ана Трајковска, маркетинг менаџер во „Toyota Авто Центар“.

Безбедноста при возењето е на високо ниво, со подобрени перформанси и практичност, притоа обезбедувајќи му комфор на возачот при брзото темпо на извршување на секојдневните бизнис обврски. Возилото е достапно во повеќе пакети на опрема, додека сервисниот интервал е еднаш во годината или на секои 20.000 километри.

Димитар Атанасовски го прифати предизвикот да ги дознае сите корисни карактеристики и корисни перформанси на најдоброто комбе за секој бизнис – Toyota Proace City:

Toyota Proace City. Создаден за Вашиот бизнис.

Новото повеќенаменско возило во гамата на Toyota, достапно во комерцијална и патничка изведба.Повеќе информации:Proace City Van: https://www.toyota.com.mk/model/proace-city-van/Proace City Verso: https://www.toyota.com.mk/model/proace-city-verso/

Posted by TOYOTA Auto Center – Macedonia on Thursday, September 3, 2020

 

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider