Slider

Вести

Нов краш тест за безбедност во програмата на Euro NCAP

Slider

Производителите ќе треба да имаат предвид дека во оценката при идните тестирања ќе влезе и начинот и брзината на која софтверот во автомобилот испраќа SOS порака при евентуална несреќа, но и колку е лесен пристапот и можност за вадење на патниците при поголемо оштетување на автомобилот

21/05/2020

Независната организација задолжена за тестирање на безбедноста на автомобилите (Euro NCAP) реши повторно да ги помести стандардите на краш тестот, вметнувајќи нов испит за новите модели.

Се работи за краш тест со кој ќе се проверува како поголемите автомобили ќе влијаат на безбедноста на помалите учесници во сообраќајот, а ваквата симулација е вметната во програмата поради се поголемата популарност на SUV возилата.

Подвижната пречка ќе ја замени статичната во тестот кој беше реалност изминатите 23 години, со што експертите на Euro NCAP ќе можат да утврдат какви повреди можат да заработат возачот и патниците во помалиот автомобил при евентуален судир.

– Историски гледано, факт е дека SUV моделите и другите големи автомобили нудат поголема заштита за нивните патници. Но, затоа помалите автомобили кои имаат судир со нив, најчесто не поминуваат толку добро.

– Во новиот тест за компатибилност, ако големиот автомобил е прецврст при судирот, ќе добие соодветни негативни поени, вели Метју Ејвери од бордот на Euro NCAP.

Во иднина ќе бидат правени тестови и за користење на централни воздушни перничиња, кои на пример веќе се во понудата на новата генерација на Honda Jazz, а Euro NCAP подетално ќе го проверува функционирањето и на безбедносните системи.

Производителите ќе треба да имаат предвид дека во оценката при идните тестирања ќе влезе и начинот и брзината на која софтверот во автомобилот испраќа SOS порака при евентуална несреќа, но и колку е лесен пристапот и можност за вадење на патниците при поголемо оштетување на автомобилот.

Првите тестови со новите позаострени стандарди ќе бидат направени за неколку месеци, бидејќи Euro NCAP ги стопираше своите активности поради коронавирусот.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider