Slide

Вести

Нова енергија на европскиот лауреат: Освежениот Peugeot 3008 достапен во „Еуроимпекс“

Slide

04/02/2021

Трансформацијата на моделот 3008 во класичен SUV се покажа како вистински и навремен потег на Peugeot, па францускиот производител доби нов влијателен модел, кој е меѓу најпродаваните и најнаградуваните во својот сегмент во Европа.

Европскиот автомобил за 2017 година сега е достапен во освежено издание, кое за купувачите значи трендовски дизајн, нови технологии и најнови погонски единици, во кои се вклучени и плаг-ин хибрид изведбите со 225 или 300 коњски сили.

Од оваа недела, новиот Peugeot 3008 официјално е достапен во салоните на „Еуроимпекс“, генерален увозник за Peugeot во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, што значи дека ќе биде достапен за тест возење за сите заинтересирани купувачи.

Надворешната линија на новиот Peugeot 3008 го истакнува неговиот наметлив карактер со одлична избалансираност помеѓу моќ и префинетост, а неговиот нов преден дел му дава впечатлив индентитет.

Со сега обновениот Peugeot i-Cockpit®, кој гарантира најдобра ергономска позиција за возење во гамата, искуството при возење во новиот PEUGEOT 3008 е навистина интуитивно, а елементите се така поставени, за уште поголемо уживање и едноставно користење.

Неговиот компактен мултифункционален управувач овозможува многу повеќе сензации а истовремено и лесно маневрирање. Новиот 10-инчен екран осетлив на допир е комбиниран со 3D навигација со говорна команда и multi-touch технологија.

galerija1
Последна интерпретација на i-Cockpit
Дизајнот на i-Cockpit не може да ве остави рамнодушни, а во сериската опрема на 3008 се вклучени и 12,3-инчна дигитална инструмент табла, 8-инчен екран (кој може да биде и 10-инчен), како и активирање на моторот на копче
galerija1
LED технологија
Сериската опрема подразбира Eco LED предни светла, LED дневни и задни LED светла со 3D ефект
galerija1
Дизајн и избор на тркала
Сериската опрема на 3008 подразбира 17-инчни алуминиумски наплатки, а во зависност од нивото на опременост може да се стигне до 19 инчи и различни дизајни
galerija1
Погонски единици
Атрактивииот 3008 може да се купи како бензинец со 130 и 180 кс, во дизел изведба со 130 кс, а првпат и како плаг-ин хибрид со 225 или 300 кс

претходна
следна

Функцијата за “Night Vision” е достапна во новиот 3008 каде при ноќно возење, со инфра-црвена камера ќе детектира присуство на пешаци или животни до 200 метри пред возилото, надвор од опсегот на предните светла и тој го предупредува возачот за потенцијалната опасност.

Истовремено напредниот “Grip Control” е пакет кој се состои од оптимизирана контрола на тракцијата, конкретни пневматици и функцијата “Hill Assist Descent Control”. Овозможува да го прилагодите држењето во различни услови: снег, кал, песок.

Посебно важно е што уште во сериската опрема се вклучени систем за автономно сопирање, 12,3-инчна дигитална инструмент табла, 8-инчен екран, стартување на возилото без клуч, LED светла, 17-инчни тркала и многу други елементи.

Доколку сакате и вие да бидете дел од ова искуство, побарајте онлајн понуда на овој ЛИНК, а повеќе информации за моделот може да пронајдете на следниот ЛИНК

Повеќе содржини за Peugeot:

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели