Skip to content

Новитети, Стории

Нова ера за легендарниот Defender: Машината за авантури повторно во акција

Во оф-роуд авантурите помагаат и погонот на четири тркала, редуктор, блокирање на централен и заден диференцијал, како и клиренсот од речиси 30 сантиметри кој е надополнет со можност за минување преку водена површина до длабочина од 90 сантиметри.

23/09/2019

Најголемата трансформација во историјата на Land Rover Defender e претставена како нова ера за автомобилот кој повеќе од седум децении импресионира на најекстремните терени, на сите континенти на планетава. Саемската премиера во Франкфурт донесе многу позитивни реакции од медиумите и јавноста, а оттука започнува мисијата на теренецот кој отсекогаш бил синоним за издржливост и за кого истражувањата велат дека 70 проценти од неговите продадени примероци (над 2 милиони) се уште се во возна состојба.

Новата генерација е пресвртница, исполнување на очекувањата на сегашноста, но и одлична поврзаност со иднината, која има потреба од ултра-способна оф-роуд машина подготвена да ги испорача и технолошките, безбедносните и еколошките идеали на модерниот купувач.

Фановите на Defender можат да бидат сигурни дека автомобилот ја задржува бруталноста и останува гладен за авантуристички потфати, но и за исполнување професионални обврски на тешко пристапни терени.

Монокок алуминиумската шасија е една од најважните промени во креирањето на концептот за модерниот Defender, a покрај поголемата цврстина, овозможува и подобра соработка со класична или воздушна независна суспензија.

Традицијата е задржана со изведбите 90 и 110, при што втората е достапна со седум седишта, додека кај првата со три врати, може да се користи опцијата за трето седиште напред, чија позиција е меѓу возачот и совозачот. Капацитетот на багажникот со користење на седум седишта е 231 литар, додека максималниот капацитет на Defender стигнува до 2.380 литри.

Различните предизвици за овој Land Rover се филтрираат и преку системот Terrain Response 2, кој со четири режими на возење ги адаптира суспензијата, трансмисијата, управувањето и друго, со цел што поефикасно и порелаксирано да се совлада предизвикот на патот. Во оф-роуд авантурите помагаат и погонот на четири тркала, редуктор, блокирање на централен и заден диференцијал, како и клиренсот од речиси 30 сантиметри кој е надополнет со можност за минување преку водена површина до длабочина од 90 сантиметри.

Технолошкиот шок е поврзан со безбедносните системи кои се задолжени за асистенција во одредени ситуации, Land Rover Defender ќе импресионира и со Pivi Pro инфо-забавниот систем кој вклучува 10-инчен екран и голем број опции, вклучувајќи ја и врвната конективност. Во ентериерот се чувствува внимателно избраната комбинација на луксузни материјали, со што новиот Defender нема да заостанува по ова прашање ниту во однос на адутите на Range Rover портфолиото.

Основните изведби започнуваат со 2.0-литарските Ingenium мотори, дизел изборот е меѓу моќност од 200 или 240 коњски сили, додека бензинскиот мотор испорачува 300 коњски сили, за спринт од место до 100 км/ч за 8,1 секунда. Купувачите на располагање ќе ја имаат и P400 изведбата со мотор со шест цилиндри, која е „благ“ хибрид и стигнува до 400 коњски сили и вртежен момент од 500 Nm. Сите мотори користат осум-степена трансмисија со двојна спојка на ZF, a наредната година се очекува и плаг-ин хибридна изведба на Defender.

Land Rover Defender
Режими на возење
Оф-роуд технологија
Ви ги претставуваме теренските способности на новиот
0
MАКС.
ПЕСОК
КАРПИ И КАМЕЊА
АСФАЛТ
ТРЕВА И СНЕГ
МИНУВАЊЕ НИЗ ВОДА
МИНУВАЊЕ НИЗ ВОДА
ВОЗДУШНА СУСПЕНЗИЈА
ОФ-РОУД ГЕОМЕТРИЈА
КАЛ И БРАЗДИ
Контрола на диференцијалот
Осетливост на тракција
Реакција при забрзување
Terrain Response 2 дава опција за автоматска или мануелна промена на режим на возење во зависнист од теренот. Овој систем му овозможува на возачот да ја модификува конфигурацијата на возилото соодветно на офроуд условите.
Системот за минување низ вода автоматски ја зголемува височината на возилото и го активира екранот на кој се пренесуваат податоците од сензорот, кој ја мери длабочината на водата. Ова им овозможува на возачите комплетно да ги искористат перформансите на новиот Defender кои овозможуваат да поминува низ вода длабока и до 90 сантиметри, што е рекорд меѓу теренските возила.
Воздушната суспензија овозможува првично подигнување на возилото за 75мм при оф-роуд возење. Дополнително е овозможено подигнување од 70мм, со што вкупното подигнување на возилото изнесува 145мм. Defender има опција и за спуштање на возилото од 50мм за поудобен влез во кабината.
Подигнувањето на висината на кабината за 20мм споредено со останатите SUV возила во гамата на Land Rover, како и преместување на батеријата и каналите на системот за ладење им овозможи на инженерите да изведат исклучително кус преден и заден дел што придонесува за импресивен агол на приод и заминување од 38, односно 40 степени, како и клиренс од 291мм.
мм
0
0
степени
0
степени

Slider
Land Rover Defender
Режими на возење
Офроуд технологија
Ви ги претставуваме теренските способности на новиот
0
MАКС.
мм
0
0
степени
0
степени
ПЕСОК
КАРПИ И КАМЕЊА
АСФАЛТ
ТРЕВА И СНЕГ
МИНУВАЊЕ НИЗ ВОДА
МИНУВАЊЕ НИЗ ВОДА
ВОЗДУШНА СУСПЕНЗИЈА
ОФ-РОУД ГЕОМЕТРИЈА
КАЛ И БРАЗДИ
Контрола на диференцијалот
Осетливост на тракција
Реакција при забрзување
Terrain Response 2 има опција за автоматска или мануелна промена на режим/програма на возење во зависнист од теренот. Овој систем му овозможува на возачот да ја модификува конфигурацијата на возилото соодветно на офроуд условите.
Новиот систем за минување низ вода го активира екранот на кој се пренесуваат податоците од сензорот, кој ја мери длабочината на водата. Ова им овозможува на возачите комплетно да ги искористат перформансите на новиот Defender кои овозможуваат да поминува низ вода длабока и до 90 сантиметри, што е рекорд меѓу теренските возила.
Воздушната суспензија овозможува првично подигнување на возилото за 75мм при оф-роуд возење. Дополнително е овозможено подигнување од 70мм, со што вкупното подигнување на возилото изнесува 145мм. Defender има опција и за спуштање на возилото од 50мм за поудобен влез во кабината.
Подигнувањето на висината на кабината за 20мм споредено со останатите SUV возила во гамата на Land Rover, како и преместување на батеријата и каналите на системот за ладење им овозможи на инженерите да изведат исклучително кус преден и заден дел што придонесува за импресивен агол на приод и заминување од 38, односно 40 степени, како и клиренс од 291мм.
Ротирајте го уредот за да ја погледнете содржината

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend