Slide

Новитети

Нова генерација на VW Passat, во Европа ќе биде достапна само караван изведбата

Slide

За кратко и заинтересираната јавност ќе може да го разгледа новиот Passat одблизу, бидејќи ќе биде изложен на автомобилскиот саем во Минхен веќе следната седмица.

01/09/2023

При претставувањето на 9-тата генерација на Passat, една од највпечатливите информации за заинтересираните купувачи беше тоа што во Европа ќе се продава само караван изведбата.

Одлуката е резултат на трендот во последните години во Европа, каде голем дел од купувачите наместо седани купуваат SUV или кросовери, но караваните, сепак, се сѐ уште популарни.

Штом ќе биде лансиран, во првиот квартал од 2024, ќе се нуди со два плаг-ин хибриди, покрај дизел и бензинските изведби.

За кратко и заинтересираната јавност ќе може да го разгледа новиот Passat одблизу, бидејќи ќе биде изложен на автомобилскиот саем во Минхен веќе следната седмица.

Новиот Passat ќе се произведува во Братислава, заедно со сестринскиот модел Skoda Superb. Ова е промена во однос на досегашната локација на производство во Емден, Германија, каде во иднина ќе се произведува електричниот ID7.

Passat ја користи новата четврта генерација на MIB4, контролниот систем на возилото. Овој систем ќе се користи и кај ID.7 како и новиот Superb кој треба да биде лансиран следната година.

Новина е и тоа што 9-тата генерација нема да може да се нарача со мануелна трансмисија.

Моделот е поставен на MQB Evo платформата, која е адаптација на MQB платформата, со што се овозможува поголема батерија за плаг-ин хибридните изведби.

Батеријата кај плаг-ин хибридите сега има капацитет од 19.7 kWh, што ќе овозможи околу 100 километри досег само користејќи ја батеријата.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа