Стории
Нова технологија на VW споделува податоци за условите на патот помеѓу возилата во непосредна близина
Volkswagen, пак, како дел од надградбата на софтверот за ID гамата на електрични возила, неодамна воведе опционална функционалност именувана како Travel Assist, која овозможува парцијално автономно управување.
VW и Skoda се само дел од автомобилските производители кои тестираат технологија на меѓусебно поврзување на возилата во сообраќајот, заради овозможување на уште понапредни системи за асистенција при возењето.
Оваа технологија е клучен чекор кон овозможување на високо ниво на автономно управување. Дел од менаџментот на добавувачот Robert Bosch прогнозира дека за неколку години оваа технологија ќе ја користат безмалку сите производители.
Но, како всушност функционира оваа технологија? Таа користи и ги вмрежува податоците од самите возила на патот, за да генерира податоци во однос на локацијата на возилата во реално време.

Преку технологијата, патничките и товарни возила ќе може да комуницираат помеѓу себе, па дури и со поврзаната инфраструктура на патот.
Преку користење на оваа технологија, системите на автомобилските производители ќе може да спроведуваат поефикасна промена на коловозните ленти, а ќе може да добиваат информации од други групи на возила преку кои ќе може да планираат поефикасни рути или, пак, да ги алармираат возачите зад нив за опасни ситуации на патот.
Примена на ваквата технологија ќе има при асистирани и автономни функционалности, како адаптивниот темпомат, системот за одржување и промена на коловозна лента, како и управувње без потреба за маневрирање од страна на возачот.
Skoda започна да ја користи оваа технологија, преку која ги алармира возачите за проблеми кои може да ги очекуваат при патувањето.

Volkswagen, пак, како дел од надградбата на софтверот за ID гамата на електрични возила, неодамна воведе опционална функционалност именувана како Travel Assist, која овозможува парцијално автономно управување.
Преку користење на сензори за мониторирање на сообраќајот во непосредната близина, возилата можат попрецизно да бидат управувани во коловозната лента, при што се овозможува побезбедно одржување на растојание со возилото напред.
Ханс-Јерг Матони, директор на одделот во Bosch задолжен за мапирање, е многу самоуверен во врска со технологијата. Тој очекува до 2027 сите прозводители да ја имплементираат новата технологија во своите возила.
Една од предностите на оваа технологија е тоа што овозможува мапирање на патишатата во безмалку реално време.
“Споредено со традиционалниот начин на мапирање, оваа технологија овозможува многу почесто обновување на мапите”, вели тој. Дополнително, таа прибира податоци за начинот на движење на возилата во одредени локации, вообичаено користени рути, брзини на движење на возилата на одредени локации, а тоа се исклучително корисни податоци за системите за автономно управување во возилата.
Според Матони, податоците нема да се користат само за креирање на статични геометриски мапи, туку ќе овозможат и многу прецизни информации за условите на патот и можните предизвици.
На пример, информации во врска со лизгав коловоз кои системот ги добива од едно возило, може да се користат од системот во возилото зад него кое, пак, навремено може да го предупреди возачот или дури автоматски да ја намали брзината на време за да спречи сообраќајна незгода.