Slide

Стории

Новата фабрика на Volkswagen во Волфсбург ќе го скуси времето за производство по автомобил од 30, на само 10 часа

Slide

W инвестира околку 2 милијарди евра во изградба на фабриката, каде се очекува скусување на времето на производство на само 10 часови по возило. Автомобили се движат помеѓу два оддела на фабриката во Волфсбург.

12/04/2022

Директорот за производство во Volkswagen е самоуверен дека најавениот електричен модел Trinity ќе ги смени правилата на игра во автоиндустријата.

“Моделот Trinity ќе го претвори Волфсбург во симбол на најновата технологија”, изјави Кристијан Фолмер минатата седмица.

Најавениот електричен седан ќе се произведува во областа Варменау, во близина на матичната фабрика на групацијата во Волфсбург.

VW инвестира околку 2 милијарди евра во изградба на фабриката, каде се очекува скусување на времето на производство на само 10 часови по возило, споредено со тековните 30 часови кои се потребни за да се произведе електричниот хеџбек ID. 3.

Tiguan – Joining of body, chassis power train – „the so-called car-wedding

“Клучот за понатамошно зголемување на продуктивноста ќе биде намалување на бројот на компоненти, зголемување на автоматизацијата, високо-ефикасни производствени ленти, иновативни логистички концепти и помал број на моделски варијанти”, додаде Фолмер.

VW Group, групацијата во чија сопственост се брендовите Audi, Skoda, Seat, Cupra и Porsche, планира до крајот на декадава да го намали производството на возила со мотори со внатрешно согорување за дури 60%, при што ќе се фокусира на производство на попрофитабилните премиум модели. Ова неодамна го потврди и Арно Антлиц, финансискиот директор на групацијата.

Што се однесува до седанот знаменосец со кодно име Trinity, тој ќе биде поставен на најавената SSP платформа, за која Volkswagen тврди дека ќе овозможи 4-то ниво на автономија, што значи дека возилото ќе може да биде управувано без асистенција од возач.

Golf 8, Golf 8 Variant Production, assembly of wheels.

Производителот истовремено разгледува можности за употреба на големи модули направени од алуминиум кои би се користеле во процесот на производство.

“Наместо користење на голем број на посебни делови, ние сакаме да користиме пре-конфигурирани модули кои ќе бидат достапни во што е можно помалку варијанти, па доколку е изводливо – би користеле и само една варијанта”, изјави Фолмер. “Поради тоа, кога размислуваме во врска со унапредување на производството, мора да тргнеме буквално од првиот развоен чекор, не само во развојната фаза туку и во фазата на дизајнирање на автомобилот”.

Tesla веќе користи таканаречени мега модули во производството на своите автомобили. Целта на американскиот конкурент е во својата нова фабрика во Берлин да ги произведува предните и задните делови од Model Y коирстејќи само еден метален дел.

За да го постигне ова, Tesla користи специјална машина, таканаречена Giga-Press, која ја добива од својот италијански добавувач, компанијата Idra. Истиот добавувач е во преговори и со VW и со Volvo за испорачување на овој уникатен производ.

Volvo планира фабриката во близина на Гетебург да биде подготвена за новиот производствен процес кон крајот на 2025. Оовој термин кореспондира со најавата за стартот на производството на првиот електричен автомобил во оваа фабрика. Volvo, сепак, сѐ уште не потврдува дали во производството ќе користи специјална Giga-Press машина од добавувачот Idra.

Фолмер објаснува дека на одлуката да се изгради комплетно нова фабрика ѝ претходела сеопфатна анализа. “Секако дека размислувавме и за опцијата моделот Trinity да се произведува во рамките на матичната фабрика во Волфсбург”, додава тој. “Но, главната предност за изградба на нова фабрика е тоа што таа би била поисплатлива на среден рок”.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск