Slide

Вести

Новата генерација на Audi A4 ќе биде засилена со електрична изведба

Slide

25/05/2021

Audi ја подготвува шестата генерација на повеќе од важниот модел A4, а понудата ќе биде сериозно електрифицирана, вклучувајќи ја и електричната A4 e-tron изведба.

Вообичаено претставен во седан и комби Avant изведба, А4 ќе ја задржи ревидираната MLB платформа како основа за своите бензински и дизел изведби, а германскиот производител најави дека новата генерација ќе донесе голем избор на MHEV варијации, но и плаг-ин хибрид избор, за кој се очекува да предизвика сериозен интерес.

Она што ќе го заокружи процесот е A4 e-tron, моделот кој ќе користи иста платформа со веќе најавениот A6 e-tron и Porsche Macan, а ќе им биде ривал на модели како Tesla Model 3 и BMW i4.

Дизајнерски, A4 e-tron се очекува да биде најблизок до актуелниот A5 Sportback, а ќе биде најважен претставник во класата за Audi во годините кога ќе престане производството на класични бензински и дизел изведби.

Електричната изведба ќе биде достапна со еден или два електро-мотора, а се очекува и најмоќна RS изведба со околу 500 коњски сили.

Повеќе содржини за Audi:

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба