Вести

Новата генерација на Mercedes GLA ќе дебитира следниот месец

19/11/2019

Mercedes семејството базирано на компактот A-Class никогаш не било поголемо, а наскоро ќе биде комплетирано и со новата генерација на кросоверот GLA.

Германците може да се пофалат со одлични резултати на модели како A-Class, B-Class, CLA и нивните различни изведби, од неодамна го имаат и GLB, но сликата ќе биде заокружена со GLA кој ќе вози во својата втора генерација.

Бројките велат дека GLA завршил кај отприлика еден милион купувачи за само пет години, па логично е зошто производителот посветува посебно внимание на овој мал SUV, кој има и солидна конкуренција на пазарот.

Медиумите досега шпекулираа со датумот за премиерата, па откако стана јасно дека таа нема да се случи на Саемот во Лос Анџелес, последните најави се дека новиот GLA ќе биде претставен на 11. декември, на настан кој преку стриминг ќе може да се следи на сите континенти.

GLA ќе биде пократок и повисок, но уште поважно, со поголемо меѓуоскино растојание од кое ќе профитираат патниците на задната клупа, а ентериерот очекувано би требало да биде инспириран од она што веќе можеме да го видиме кај A-Class и останатите членови на компакт гамата.

Покрај вообичаената понуда на мотори, новитет ќе биде плаг-ин хибридната изведба на GLA, која повторно ќе дели механика и технологија со ваквите варијации на A-Class и B-Class.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider