Вести
Новата генерација на Mini Countryman ќе се произведува во Германија
Новиот Countryman е најавен за во 2023 година, а ќе се произведува заедно со сериите 1 и 2 на BMW, кои ја користат истата платформа предвидена за моделите со погон на предни тркала
Групацијата BMW најави дека следната генерација на кросоверот Mini Countryman ќе се произведува во фабриката во германски Лајпциг.
Оваа локација ќе биде прва на која BMW Group паралелно ќе произведува BMW и Mini автомобили, а тоа е овозможено со дополнителните инвестиции за зголемување на капацитетот.
Новиот Countryman е најавен за во 2023 година, а ќе се произведува заедно со сериите 1 и 2 на BMW, кои ја користат истата платформа предвидена за моделите со погон на предни тркала.
Пред премиерата на Countryman, Mini ќе ја претстави новата генерација на својот класичен хечбек, чие производство останува во Обединетото Кралство, но неговата електрична изведба ќе се произведува во Кина.
Актуелниот Countryman се произведува во Холандија.
Сите модели на Mini од 2023 година ќе бидат понудени и во електрифицирана изведба, а фабриката во Лајпциг веќе има искуство и со електрични модели, бидејќи таму се произведува i3, кој полека се подготвува за заминување во заслужена пензија.
Повеќе содржини за SUV модели: