Slider

Вести

Новата генерација на Opel Astra ќе добие целосна дизајнерска револуција

Slider

Актуелната генерација е еден од двата модела на Opel (заедно со Insignia), кои се уште користат платформа на претходниот сопственик General Motors

23/11/2020

Новата генерација на Opel Astra е најавена за следната 2021 година, а според дизајнерскиот шеф, Марк Адамс, таа со себе ќе донесе и дизајнерска револуција по примерот на неодамна претставената Mokka.

Компактот има долга традиција и изградена респектабилна позиција меѓу автомобилските фанови, а со новиот дизајн се очекува дополнителен позитивен шок, кој истовремено ќе ја направи Astra и многу поразлична од сите останати модели во класата.

– Astra во својата класа ќе биде она што во моментов Mokka претставува меѓу кросоверите.

– Најважните дизајнерски елементи на Mokka ќе бидат искористени, но тоа нема да биде ист дизајн, туку само ќе преземеме одреден број елементи и ќе направиме нова интерпретација на формата на автомобилот, – изјавил Адамс за „Аутокар“.

Новата Astra ќе дели иста платформа со Peugeot 308, но ќе добие целосно поинаков пристап од дизајнерите, по примерот на актуелните Peugeot 208 и Opel Corsa.

Актуелната генерација е еден од двата модела на Opel (заедно со Insignia), кои се уште користат платформа на претходниот сопственик General Motors.

Следната верзија ќе добие нова платформа, нови мотори, а се очекуваат и плаг-ин хибрид изведби.

Повеќе содржини за Opel:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider