Slide 1

Новитети

Новата генерација на Range Rover добива електрична изведба и конфигурација со 7 седишта

Slide 1

Погонските изведби вклучуваат два плаг-ин хибрида со значително голема батерија од 31,8 kWh, која на луксузниот SUV ќе му овозможи електрична автономија од околу 100 километри.

27/10/2021

Луксузниот SUV се сели на нова платформа и добива повеќе погонски опции.

Новата генерација на Range Rover за првпат ќе се произведува и како комплетно електрична изведба, а ќе може да се нарача и изведба со седум седишта.

“Land Rover го претстави својот модел знаменосец, кој е доказ за желбата на брендот да ги креира најпосакуваните луксузни автомобили на светот” – изјави Тиери Болоре, извршниот директор на Jaguar Land Rover.

Новиот елегантен дизајн на Range Rover ни ја открива визијата на брендот за изгледот на својот најлуксузен SUV, чии технолошки иновации повторно поставуваат нови стандарди во автомобилската индустрија.

Дизајнот на петтата генерација го следи правецот на тековната генерација, но Range Rover отсега ќе биде поставен на новата MLA (modular longitudinal architecture) платформа, која е конфигурирана на начин да биде соодветна и за производство на електрични, плаг-ин хибридни и хибридни погони.

Желбата на Land Rover да го позиционира повисоко моделот Range Rover се илустрира и преку почетната цена од 94,400 Фунти  на домашниот пазар, што е за 13% повисоко од тековната, која изнесува 83,525 Фунти. Споредено со цената на моделот од 2015 година, разликата е 28 проценти.

Од JLR не информираа за цената на најскапата верзија на новиот Range Rover. Комплетно електричната изведба ќе започне да се произведува во 2024 година, две години покасно од останатите изведби, кои ќе започнат да стигнуваат до купувачите на почетокот од следната година.

Погонските изведби вклучуваат два плаг-ин хибрида со значително голема батерија од 31,8 kWh, која на луксузниот SUV ќе му овозможи електрична автономија од околу 100 километри. Хибридниот погон составен од електричен мотор со сила од 105 kW, ќе го надополнува бензинецот со шест цилиндри и сила од 510 hp.

Најскапиот модел ќе има 4.4-литарски V8 мотор со сила од 530 hp. Овој мотор, кој е произведен од страна на BMW, ќе забрзува од 0-100 km/h за 4,6 секунди.

Во зависност од пазарите, достапни ќе бидат и благи хибриди со бензински мотори со шест цилиндри како и три благи хибриди во комбинација со дизел мотори.

Технологијата во Range Rover вклучува систем за гласовни команди преку кои ќе може да се управува со функции на инфотејнмент системот. Овој систем е функционира врз основа на технологијата на Amazon Alexa.

Централно поставениот екран осетлив на допир со дијагонала од 13,7 инчи е најголемиот ваков екран кој досега е вграден во било кој модел на Land Rover. Тој е заоблен на краевите заради подобра прегледност од различни агли. Бидејќи се работи за екран осетлив на допир, во него е вграден таканаречен (haptic feedback), мала вибрација на местото каде што е притиснато некое од виртуелните копчиња. Оваа технологија, која се користи во некои од мобилните телефони, им дава на корисниците повратен сигнал во моментот кога некое копче навистина е притиснато.

Добро е што се задржани физичките команди за контрола на системот за вентилација.

Пред возачот се наоѓа 13,7-инчната дигитална инструмент табла која е поделена на три панели. Дисплејот може да се конфигурира според желбите и вкусовите на возачот. 

Инфотејнмент системот има своја дополнителна батерија која овозможува негово брзо вклучување, при што се избегнува спорото вклучување карактеристично за некои од ваквите системи.

Преку две SIM картички ќе се спроведуваат OTA (over-the-air) надградбите на 69 модули, процес кој ќе може да се одвива паралелно во позадина, при непречено користење на апликациите. Засега системот ќе користи 4G технологија, наместо сè уште нераспространетата 5G технологија.

Во соопштението нема информации во однос на потенцијалот на Range Rover за автономно возење на автопат, но она што успеавме да го забележиме е дека во понудата ќе биде вклучена Remote Park Assist – функционалност која овозможува возачот да го управува автомобилот преку мобилна апликација, додека се наоѓа надвор од него.

Преку можноста за умерено управување и на тркалата на задната оска, зголемен е капацитетот за маневрирање при ниски и екстремно високи брзини. Како резултат на ова, кругот на вртење на големиот SUV изнесува 10,95 метри, што е најмал круг на вртење на било кој Land Rover.

Како и досега, новиот Range Rover ќе се нуди со стандардно и продолжено меѓуоскино растојание. Во првата опција возилото ќе биде долго 5,052мм, односно 5,252мм за оние кои ќе изберат изведба со подолго меѓуоскино растојание. 

За првпат кај Range Rover изведбите со подолгото меѓуоскино растојание ќе може да се комбинираат со конфигурација од 7 седишта.

Имињата на различните изведби ќе бидат: SE, HSE и Autobiography, како и една специјална изведба базирана на Autobiography, наречена First Edition, која ќе биде достапна во првата година на производство.

Новите модели ќе бидат достапни и како SV изведби, што означува модификација од страна на одделот Special Vehicle Operations, во рамки на JLR.

Овие SV изведби ќе имаат “уште повеќе луксуз во секој детаљ од автомобилот” – изјави Михаел Ван Санде, директорот на SVO дивизијата. Материјалите во ентериерот ќе вклучуваат керамика и високо квалитетен кожен ентериер. Тие ќе вклучуваат и клуб масичка која ќе се извлекува од централната конзола.

И SV изведбите ќе имаат кусо и долго меѓуоскино растојание, а поскапите изведби вклучуваат и електрично отворање на вратите.

Од Land Rover најавуваат дека новиот Range Rover е еден од најтивките автомобили воопшто, благодарение на напредниот аудио систем кој има функција за придушување на шумови.

Достапни ќе бидат дури 35 звучници кои ќе испуштаат звуци кои ги задушуваат шумовите и креираат специјални тивки зони на било кое од четирите седишта.

Според информацијата од официјалниот дистрибутер за Land Rover за нашата земја, нарачките за новиот Range Rover се веќе отворени, а првите примероци се очекуваат во втората половина на 2022 година.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental