Slide

Вести

Новата генерација на Sportage, компактниот SUV бестселер на Kia, пристигна во салонот во Скопје

Slide

Во ентериерот доминира елементот во кој се поставени дигиталната инструмент табла и екранот осетлив на допир, и двата со дијагонали од по 12 инчи.

16/02/2022

Четвртата “QL” генерација на Sportage беше воведена во 2015 година. Сега, 7 години подоцна, за првпат во живо имавме можност да ја погледнеме новата, петта генерација, која е поставена на истата платформа како и сестринскиот модел Hyundai Tucson.

“Европскиот” Sportage, кој има купе-SUV изглед, се произведува во фабриката на Kia во Жилина, Словачка, а пристигна во салонот на Kia Motors неколку дена пред официјалната презентација.

Дизајнот на новиот Sportage е базиран на EV6, со остри линии за разлика од заоблената форма на претходната генерација. За разлика од дизајнот, димензиите на Европската верзија се слични на тие на претходната генерација: 4.485мм должина и меѓуоскино растојание од 2.670мм.

Во предниот дел воочлива е целината која ја формираат LED Matrix светлата заедно со дневните светла во форма на бумеранг.

Како што веќе најавивме, надворешните ретровизори се поставени на самите врати. Покривот, во безмалку хоризонтална линија, се спушта сè до задниот спојлер.

Страничната вдлабнатина под прозорците дополнително ги истакнува тркалата, кои во зависност од нивоата на опрема, ќе имаат алуминиумски бандажи со големини од 17, 18 и 19 инчи.

Во ентериерот доминира елементот во кој се поставени дигиталната инструмент табла и екранот осетлив на допир, и двата со дијагонали од по 12 инчи.

Автоматскиот “shift-by-wire” менувач ќе овозможи побрзо пренесување на командите од возачот кон системот за трансмисија.

Забележливо е дека засега Kia продолжува да ги користи дизел моторите. Тие се дополнети со SCR систем за прочистување на издувните гасови, како и катализатор за азотните оксиди (NOx).

Фановите на Sportage веќе може да ги погледнат првите примероци од 5–тата генерација од најпродаваниот модел на Kia во Европа, но и во Македонија: Според податоците од импортерот, минатата година продажбите на атрактивниот SUV изнесувале дури 60% од вкупните продажби на Kia во нашата земја.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба