Slider

Вести

Новата генерација на Volvo XC90 ќе добие електрична изведба

Slider

Шведскиот бренд веќе потврди и дека новата генерација на SUV знаменосецот XC90 исто така ќе има електрична изведба, што ќе биде интересен концепт за овој голем SUV, чие појавување на пазарот го очекуваме во 2022 година

27/01/2020

Volvo не крие дека сака со забрзано темпо да го зголеми бројот на плаг-ин хибрид и електрични изведби, а на своите купувачи веќе им овозможи да си резервираат примерок на првиот електричен модел, Recharge изведбата на популарниот XC40.

Шведскиот бренд веќе потврди и дека новата генерација на SUV знаменосецот XC90 исто така ќе има електрична изведба, што ќе биде интересен концепт за овој голем SUV, чие појавување на пазарот го очекуваме во 2022 година.

Третата генерација на XC90 ќе биде првиот Volvo автомобил кој ќе добие ревидирана верзија на SPA платформата, а покрај електричниот погон, уште одамна претставници на производителот најавија и четврто ниво на автономно возење токму во овој модел.

Покрај електричната, Volvo нема да се откаже и од PHEV изведбата, како и од покласичниот бензинец со технологија на благ хибрид. Истовремено ќе бидат одржани најавите дека Volvo нема да вклучува дизел мотори во својата понуда.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider