Slide

Стории

Новата платформа за електрични автомобили на BMW во 2025 ќе ги замени актуелните CLAR и UKL платформи

Slide

BMW за моделите i5 и i7 направи адаптација на CLAR платформата, за да може уште на самиот старт да го вгради електричниот погон.

06/07/2022

Новата платформа, која се именува како “Neue Classe” ќе биде наменета за производство исклучиво на електрични автомобили. Таа ќе биде подготвена во 2025 година, а првиот модел кој ќе биде поставен на неа е веројатно седан изведба на електричен модел сличен на 3 Series, кој во моментов има кодно име NK1.

Баварскиот премиум производител во моментов користи две платформи. CLAR платформата која во основа е наменета за автомобили со погон на задната оска со опција за погон на двете оски), како и UKL платформата која во основа е наменета за возила со погон на предната оска, (кај која исто така е овозможен и погон на сите тркала). Втората се користи кај моделите 1 Series, 2 Series Active Tourer, X1, Mini.

Актуелните електрични модели на брендот (iX3, i4, најавениот iX1, како и i5 и i7) се поставени на истата платформа. 

Ова решение овозможува, без оглед на типот на погон, наизменично користење на истите производни линии во фабриките, но од друга страна, наложува поголем напор во процесот на развој, без можност за исползување на предностите на компактната структура на електричниот погон.

Заради тоа, BMW за моделите i5 и i7 направи адаптација на CLAR платформата, за да може уште на самиот старт да го вгради електричниот погон. Подвозјето сега е флексибилно, па во него може да се постави батерија со капацитет и до 100 kWh или, пак, издувнен систем и систем за трансмисија за бензински и дизел погони.

Исклучок од оваа пракса е моделот iX, кој е поставен на електрична платформа која не се користи кај другите модели. Но, Оливер Зипсе, извршниот директор на BMW уште пред две години го најави развојот на комплетно нова платформа која ќе биде подготвена за употреба во 2025 година.

Нејзините главни карактеристики може да се поделат во три дела: Комплетно редефинирани софтверски платформи, нов електричен погон и батерија, како и систем кој ќе биде одржлив во текот на целиот животен циклус на автомобилот.

Оваа нова платформа ќе може да биде основа за возила со електричен мотор на предната или задната оска, или пак два електрични мотори, по еден на секоја од оските.

Менаџментот на BMW предвидува многу поголема побарувачка за електричните автомобили по 2025 година, но сепак, за пазарите каде нема соодветна инфраструктура која е потребна за експанзија на електрификацијата, Баварците ќе креираат модификувана верзија од CLAR платформата, на која сѐ уште ќе може да се произведуваат бензински и дизел погони. 

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година