Slider

Вести

Новата S-Class ќе го задржи V12 моторот и ќе може да го комбинира со погон на сите тркала

Slider

Луксузната лимузина ќе ги задржи V12 моторите во својата понуда, а тие првпат ќе бидат комбинирани со погон на четири тркала

19/06/2020

Mercedes ја подготвува премиерата на новата генерација на својот знаменосец, S-Class, а неколку месеци пред да бидат објавени сите детали, протекоа и важни информации поврзани со овој автомобил.

Луксузната лимузина ќе ја задржи V12 понудата во портфолиото, а седанот првпат во оваа комбинација ќе биде достапен и со погон на четири тркала.

Ова го најавил инженерскиот шеф на брендот задолжен за овој проект, Јирген Вајзингер, кој пренесува дел од деталите за новата S-Class.

Новата генерација се подготвува уште од 2014 година, а во својата понуда ќе има мотори со шест цилиндри кои ќе бидат и „благи“ хибриди, V8 агрегати, како и V12 опцијата која ќе биде резервирана за најлуксузните Maybach и Pullman изведби.

Интересно е што Mercedes веројатно ќе се одлучи S-Class да добие и покласични мотори со четири цилиндри, а тие пред се ќе бидат наменети за кинескиот пазар, каде државата предвидува големи даноци за автомобилите со мотор со поголема зафатнина.

Mercedes S-Class ќе ја користи MRA II платформата, ќе добие автономно возење од трето ниво, како и други нови интелигентни системи, кои подоцна се користат и на останатите модели во понудата на германскиот бренд.

Повеќе содржини за седани

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider