Skip to content

Вести

Нови задолжителни безбедносни системи од 2022 година, меѓу нив и „алколок“ инсталација

Една од промените која посебно привлекува внимание е задолжителната подготовка во автомобилите за алкохолни имобилизатори, односно специјални уреди кои нема да им дозволуваат на возачите да го стартуваат автомобилот доколку анализата на нивниот здив покаже дека конзумирале алкохол

09/11/2019

Европскиот совет вчера ги утврди промените на регулативата за безбедноста во сообраќајот, што подразбира подолг список на задолжителни безбедносни и помошни системи од 2022 година.

Преставниците на ЕУ во Брисел ги договорија деталите, со што и официјално новите автомобили ќе мора да располагаат со голем број системи во својата сериска опрема. Истите ќе бидат задолжителни за новите модели од мај 2022 година и за сите нови автомобили од 2024 година.

– Новите правила ќе придонесат за значително намалување на бројот на жртви и сериозни повреди на патиштата во Европската Унија. Исто така ќе ја подобрат позицијата на европските производители на глобалниот пазар, – изјавил Тимо Харака, финскиот министер за труд.

Една од промените која посебно привлекува внимание е задолжителната инсталација во автомобилите за алкохолни имобилизатори, односно специјални уреди кои нема да им дозволуваат на возачите да го стартуваат автомобилот доколку анализата на нивниот здив покаже дека конзумирале алкохол.

Покрај оваа новина, во сериската опрема ќе треба да бидат напредни системи кои ќе детектираат замор и невнимание кај возачите, предупредување за надминување на дозволената брзина, систем за предупредување при ненамерно напуштање на коловозна лента, автономно сопирање, како и центар за складирање податоци по примерот на авионска „црна кутија“.

Проценките на ЕУ се дека со имплементирањето поголем број задолжителни системи, до 2038 година може да бидат спасени 25.000 човечки животи и да бидат превенирани 140.000 сериозни повреди од сообраќајни несреќи.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend