Slider

Вести

Новинарското жири составено од дами избра: Land Rover Defender е Светски автомобил за 2021 година

Slider

09/03/2021

Land Rover Defender е Светски автомобил на годината според специјализираното новинарско жири составено само од дами.

50 новинарки од 38 земји од 5 континенти и годинава најпрвин ги прогласија победниците по категории, за на 8 март да биде прогласен и генералниот победник кој ќе го носи признанието во 2021 година.

Главни критериуми по кои новинарките ги бираа најдобрите автомобили се безбедноста, перформансите, комфорот, технологијата и односот вложено/добиено, при што Defender собрал најмногу гласови.

Во финалето учествуваа сите победници од поединечните категории, а тоа покрај LR Defender беа и Peugeot 208, Skoda Octavia, Lexus LC 500 Cabrio, Ferrari F8 Spider, Peugeot 2008, Kia Sorento, Ford F-150 и Honda e.

– Изборот „Светски автомобил на годините според жените“ е единствен со жири составено исклучиво од жени кои работат како новинарки за автомобилската индустрија.

– Ова му дава посебна вредност на изборот бидејќи одлуките претставуваат перспектива и приоритети на милион жени од целиот свет. Но, автомобилите немаат пол и не трпат стереотипи, па затоа победниците едноставно се најдобри автомобили во своите категории, – вели Марта Гарсија, Извршен претседател на изборот.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider