Slide

Новитети

Новиот Audi RS 3 овозможува со притискање на копче 100% од силата да се распредели на едно од задните тркала

Slide

Во екстремни услови, при избор на "RS Torque Rear" режимот на возење комплетната сила од 1.750Nm може да се аплицира на задната оска и тоа само на едно тркало.

22/07/2021

Audi пред неколку дена официјално ја претстави третата генерација на RS 3 во Sedan и Sportback изведба, чии испораки се очекува да започнат кон крајот на годината.

Она што производителот очигледно сака да го нагласи е супериорноста на моторот и новата технологија која овозможува третата генерација на RS 3 да забрзува од 0-100km/h за само 3.8 секунди.

За да го постине ова, 2.5 TFSI моторот кој безмалку една деценија во серија ја добива наградата за “Најдобар мотор на годината”, во новата генерација е дополнително надграден – 500Nm вртежен момент, односно за 20Nm повеќе од претходникот.

Во видеата кои производителот ги сподели со медиумите забележливо е брендирањето на возилата со цифрите 1, 2, 4, 5, и 3 во серија со цел да се промовира уште една новина – тоа е редоследот на активирање на цилиндрите кој резултира со уникатен звук.

Најкусото забрзување во сегментот меѓудругото е резултат и на нова контролна единица (mVDC) која овозмжува побрз пренос на податоци помеѓу различните погонски компоненти. Овој “централен систем” добива податоци од неколку компоненти кои влијаат на возната динамика меѓу кои е и новиот “Torque Splitter” систем.

Токму оваа технологија предизвикува најголемо внимание, а всушност овозможува независна електронска распределба на вртежниот момент помеѓу двете тркала на задната оска.

galerija1
1, 2, 4, 5, 3 - редослед на активирање на цилиндрите
Во видеата кои производителот ги сподели со медиумите забележливо е брендирањето на возилата со цифрите 1, 2, 4, 5, и 3 во серија со цел да се промовира уште една новина - тоа е редоследот на активирање на цилиндрите кој резултира со уникатен звук.
galerija1
0-100km/h за 3.8 секунди
Она што производителот очигледно сака да го нагласи е супериорноста на моторот и новата технологија која овозможува третата генерација на RS 3 да забрзува од 0-100km/h за само 3.8 секунди.
galerija1
Torque Splitter
При динамично возење во свиоци задача на "Torque Splitter" системот е распределба на поголем дел од вртежниот момент кон "надворешното" тркало (она кое минува поголемо растојание).
galerija1
"RS Torque Rear" и "RS Performance"
Очигледно дека целта на "RS Torque Rear" и "RS Performance" режимите не е поефикасно динамично возење, туку дополинтелна забава зад воланот, бидејќи овие два режима овозможуваат со притискање на копче максималната сила од 1.750Nm може да се аплицира на задната оска и тоа само на едно тркало.
galerija1
290km/h како опција за најпребирливите
Оние кои ќе го изберат RS Dynamic пакетот ќе можат да ја надминат електронски ограничената маскимална брзина и да возат со 290km/h.
galerija1
500Nm вртежен момент
2.5 TFSI моторот кој безмалку една деценија во серија ја добива наградата за најдобар мотор на годината, во новата генерација е дополнително надграден - 500Nm вртежен момент, односно за 20Nm повеќе од претходникот.

претходна
следна

Системот, кој Audi го добива од својот добавувач “Magna” се разликува од традиционалните LSD (Limited Slip Differential) системи кои најчесто се вградуваат во спортските автомобили.

При динамично возење во свиоци негова задача е распределба на поголем дел од вртежниот момент кон “надворешното” тркало (она кое минува поголемо растојание). За таа цел, две контролни единици електронски го распределуваат вртежниот момент кој се испорачува на секое од двете задни тркала.

Контролните единици ја распределуваат силата врз основа на податоците од сензорите кои се дел од ESC (Electronic Stabilization Control) системот, а ја мерат брзината на секое тркало одделно.

Освен тие, се користат и податоци од уште неколку сензори кои го мерат надолжното и страничното забрзување, позицијата на педалата за забрзување, аголот на воланот и ротацискиот агол на возилото.

Така, кога возилото влегува во лев свиок, поголем процент од силата се пренесува на задното десно тркало, и обратно – во десни свиоци поголем процент од силата се пренесува на задното лево тркало. Кога возилото се движи праволиниски, силата кон двете задни тркала е изедначена.

Освен податоците од сензорите, електронската дистрибуција на вртежниот момент зависи и од избраниот режим на возење од страна на возачот. Достапни се дури седум различни режими:

Во режимите “Comfort” и “Efficiency”, системот ја намалува силата на задната оска за сметка на предната. При активирање на “Auto” режимот, силата се пренесува балансирано, додека во “Dynamic” поголем дел од вртежниот момент се пренесува на задната оска.

Со избор на “RS Individual” возачот може да ги конфигурира параметрите, а шестиот и седмиот – “RS Torque Rear” и “RS Performance” се наменети само за возење во контролирани услови, односно на затворен пат или тркачка патека.

Очигледно дека целта на “RS Torque Rear” и “RS Performance” не е поефикасно динамично возење, туку дополнителна забава зад воланот, бидејќи овие два режима овозможуваат преку притискање на копче максималната сила од 1.750Nm да се аплицира на задната оска и тоа на само едно тркало.

Од Audi нагласуваат дека токму “Torque Splitter” технологијата е клучна за врвните спортски перформанси, а оние кои ќе го изберат RS Dynamic пакетот ќе можат да ја надминат електронски ограничената маскимална брзина и да возат со 290km/h.

Повеќе содржини за спортски автомобили:

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск