Slider

Вести

Новиот Fiat 500 го доби престижното „Red Dot“ признание за својот дизајн

Slider

Експертското жири составено од искусни дизајнери од целиот свет го наградија дизајнот на Fiat Nuova 500 во категоријата „дизајнерски концепт“, а главната инспирација била во уникатниот дизајн кој го одвојува малиот Fiat од сите останати претставници во класата

13/10/2020

Електричниот Fiat 500 кој ја претставува новата генерација на италијанскиот легендарен заводник, го доби престижното дизајнерско признание „Red Dot Award“.

Експертското жири составено од искусни дизајнери од целиот свет го наградија дизајнот на Fiat Nuova 500 во категоријата „дизајнерски концепт“, а главната инспирација била во уникатниот дизајн кој го одвојува малиот Fiat од сите останати претставници во класата.

– Освојувањето на „Red Dot“ ме прави посебно горд, бидејќи Fiat 500 секогаш бил во чекор со времето и се менувал кога општеството имало потреба за промена.

– Во тој стил и третата генерација на Fiat 500 одговори на потребите за еволуција на мобилноста, – вели Оливие Франсоа, првиот човек на Fiat.

Признанието „Red Dot“ се доделува од 1955 година и е наменето за компаниите од сите индустрии кои посветуваат големо внимание на дизајнот.

Годинава пристигнале 4.100 апликации од целиот свет, а експертското жири го доделило признанието на 187 проекти во три категории.

Електричниот Fiat 500 ќе биде достапен како класичен хечбек или кабриолет, а располага со автономија до 320 километри.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider