Slider

Вести

Новиот Jeep Grand Cherokee ќе биде единствен автомобил со премиум McIntosh аудио систем

Slider

22/01/2021

Неодамна промовираниот Jeep Grand Cherokee L го означи почетокот на новата етапа на легендарниот американски SUV, кој во оваа генерација тргнува токму со новата L изведба, подготвена да обезбеди простор за седум патници.

Но, она што ќе го добие и класичниот Grand Cherokee, a сигурно ќе биде впечатливо за потенцијалните купувачи, е еволуцијата на ентериерот за кој Jeep се погрижи да биде предизвик и за другите премиум брендови.

Grand Cherokee ќе задржи дел од традиционалните елементи кои му даваат автентичност, но затоа ќе импресионира и со поелегантниот дизајн и полуксузниот амбиент во кабината.

Еден од елементите кои Jeep со гордост ги истакнува е McIntosh аудио системот MX950 или соработката со легендарниот американски бренд кој има традиција подолга од 70 години, а во своето портфолио покрај потврдени домашни аудио системи, има и реализирани озвучувања на дел од најважните музички концерти, како и инаугурации на американските претседатели.

Grand Cherokee е првиот автомобил во светот со вграден McIntosh аудио систем, а американскиот експерт за добар звук подготви интересен концепт за SUV моделот, кој одлично се снаоѓа и како теренец.

Аудио системот во автомобилот добива со 17-канален засилувач, максимална моќ од 950 w, 19 звучници na 12 локации и 10-инчен сабвуфер, со што возачот и патниците добиваат премиум звук за подобрување на целокупното искуство за време на возењето.

Идејата на Jeep и McIntosh да понудат искуство како со домашните аудио системи е реализирана на задоволство на двете страни, а првите реакции донесоа комплименти и во однос на дизајнот на системот.

Од друга страна, сите звучници се заштитени на специјален начин, а поставеноста на сите елементи се адаптирани според архитектурата на Jeep Grand Cherokee L.

Повеќе содржини за Jeep:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider