Slide 1

Новитети

Новиот Оpel Movano има 20% пониски трошоци за одржување и софтвер за оптимизирање на рути

Slide 1

Од Opel информираат дека новата генерација има помали трошоци за одржување, споредено со претходната генерација. Трошоците за одржување и поправки се 20% пониски, а трошоците за гориво се за 11% пониски.

20/10/2021

За разлика од претходната генерација, која беше поставена на платформа на Renault, новата генерација на Movano e поставена на нова платформа на Stellantis, која овозможува помали трошоци за одржување.

Новата генерација е слична на останатите големи ванови на групацијата Stellantis, како што се Citroën Jumper, Peugeot Boxer и Fiat Ducato, кои се произведуваат во Sevel Sud фабриката во јужна Италија. Movano, пак, ќе се произведува во фабриката на Stellantis во Гливице, Полска.

Досега моделот Movano се произведуваше во фабриката на Renault во Батили, Франција, заедно со Renault Master и Nissan NV400.

Со оваа промена, целата комерцијална гама на Opel ќе биде префрлена на платформи на Stellantis. Ванот со средна големина – Vivaro, до 2019 година беше поставен на платформа на Renault, а малиот Combo – уште пред четири години ја напушти платформата на Fiat. Откако стана дел од тогашната PSA групација (сегашна Stellantis), Opel бележи зголемена продажба на своите комерцијални возила.

Новиот Movano ќе биде достапен и како електрична изведба, исто како и останатите ванови на Stellantis групацијата. Movano има електричен мотор од 90 kW, а купувачите ќе може да изберат помеѓу батерија со капацитет од 37 или 70 kWh. Автономијата со помалата батерија изнесува 116 километри, додека оние кои ќе ја изберат поголемата ќе може да поминат 247 километри со едно полнење. Максималната брзина е 110 km/h.

Најпродавана изведба се очекува да биде онаа со 2.2-литарски дизел мотор која доаѓа во две верзии – со 121 hp и 165 hp.

Основната цена на Movano во Германија е 32,580 евра за дизел изедбата, а електричната чини 57,990 евра. Од пред неколку дена Opel започна да прима нарачки за новиот Movano во Германија.

Од Opel информираат дека новата генерација има помали трошоци за одржување, споредено со претходната генерација. Трошоците за одржување и поправки се 20% пониски, а трошоците за гориво се за 11% пониски.

Како и досега, Movano ќе може да се нарача во 4 различни должини и три различни висини на кабината. Достапни ќе бидат и трите различни каросериски изведби. Од следната година ќе може да се нарачаат и специјални адаптации на кабината за одредени намени.

Заради зголемување на продуктивноста, од Opel вклучуваат серија на дигитални услуги, кои може да се користат преку мобилни апликации. Тие ги вклучуваат OpelConnect и myOpel апликациите, како и апликацијата Free2Move на Stellantis.

Преку овие апликации, сопствениците може да ги следат локациите на возилата, да ги оптимизираат рутите, а преку нив ќе може да се следат интервалите на одржувањето и потрошувачката на гориво.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental