Slide 1
Slide 1

Вести

Новиот шеф на Renault побарал менување на стратегијата на продажната мрежа

Slide 1
Slide 1

Профитабилното работење е приоритет на италијанскиот менаџер, а за да се дојде до реализација ќе биде потребна нова стратегија на која тој во моментов работи заедно со својот тим

18/08/2020

Лука де Мео ја презема најодговорната функција вo Renault Group во периодот кога француската компанија пријави рекордна загуба, а тоа само по себе е доказ дека го очекува навистина сериозен предизвик.

Профитабилното работење е приоритет на италијанскиот менаџер, а за да се дојде до реализација ќе биде потребна нова стратегија на која тој во моментов работи заедно со својот тим.

Меѓу првите чекори кои ги направил Де Мео по преземањето на функцијата е испраќањето писмо до сите компании кои се дел од продажната мрежа на Renault во Европа, а во кое побарал од нив да размислуваат повеќе на задржување на вредноста на автомобилите, отколку на продажните бројки.

Писмото стигна во рацете на новинарите од германските медиуми, а иако претставува убав гест од новиот CEO, предизвикал загриженост кај претставниците на дилерската мрежа.

Де Мео од нив бара да ја променат продажната стратегија, да ги намалат попустите и акциите, па наместо поголеми бројки, да обезбедуваат поголем профит од секој продаден автомобил.

– Секој пазар е различен, во Германија мора да направиме одредена бројка, инаку ние дилерите нема да можеме да работиме профитабилно. Во минатото инвестиравме во ребрендирањето, сега на ред е дигитализацијата и електрификацијата, можеме да платиме за тоа само ако работиме профитабилно.

– Тој не е прв менаџер кој посакува автомобилите да се продаваат по повисока цена, но тоа досега никогаш не успеало, – изјавил Ханс-Вернер Хаут од застапникот „Ludeman & Zankel“.

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови