Slider

Новитети

Новиот Subaru BRZ доби 228 кс, но нема да биде достапен во Европа

Slider

Под поклопецот, Subaru BRZ располага со 2.4-литарски „боксер“ мотор со 228 коњски сили, зголемен е и максималниот вртежен момент во однос на претходникот, а купувачите ќе можат да изберат меѓу шест-степена мануелна и автоматска трансмисија

19/11/2020

Subaru ја претстави втората генерација на глобално популарниот спортист BRZ, потенцирајќи дека автомобилот ги задржува своите препознатливи карактеристики кои го искачија на висока позиција во сегментот.

Јапонскиот бренд ја продолжи соработката со Toyota во развивање на спортски модел со погон на задните тркала, а заедничката стратегија вели дека BRZ нема да биде продаван во Европа, што значи дека ќе му отстапи место на својот роднина GT86, кој допрва ќе има своја премиера.

Спортската силуета на BRZ е надополнета со посакувана тежина, низок центар на гравитација и врвна управливост која ќе ги импресионира и најпребирливите возачи.

Под поклопецот, Subaru BRZ располага со 2.4-литарски „боксер“ мотор со 228 коњски сили, зголемен е и максималниот вртежен момент во однос на претходникот, а купувачите ќе можат да изберат меѓу шест-степена мануелна и автоматска трансмисија.

Кокпитот добива подигитализиран и почист изглед, возачот пред себе има 7-инчна дигитална инструмент табла и 8-инчен екран осетлив на допир, а големиот број функции се овозможени преку Starlink системот.

Subaru BRZ ќе се произведува во Јапонија, а продажбата започнува напролет.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider